9 трикови кои ја намалуваат болката за време на депилација

9 трикови кои ја намалуваат болката за време на депилација

Депилацијата со восок е една од најпопуларните методи за отстранување влакна. Но, оваа техника, и покрај тоа што е многу успешна, може да биде и прилично болна и непријатна. Со цел да си олесните, погледнете ги следниве 9 едноставни трикови кои значајно ја ублажуваат болката…

9 трикови кои ја намалуваат болката за време на депилација

1. Мала површина кожа

Ако ги депилирате нозете, започнете со областа околу глуждовите, а за рацете, прво депилирајте ги деловите над зглобовите на дланките. Помалата површина ќе ви ја олесни работата и ќе ви овозможи детално отстранување на влакната, додека истовремено и болката ќе биде помала.

2. Таблета против болки

Половина час пред да одите на депилација испијте една таблета против болки. Таа значително ќе го подигне вашиот праг на болка, а со тоа и ќе ви помогне полесно да ја пребродите самата депилација.

3. Ладни облоги за кожа

Замотајте неколку коцки мраз во најлон, а потоа и во крпа. Пред да го нанесете восокот на одреден дел од вашата кожа, протријте го прво со крпата со цел да изгубите малку осет на неа. Мразот делува како аналгетик бидејќи на кратко ја „умртвува“ кожата и го зголемува прагот на болка.

4. Пилинг на кожа

Пред да одите на депилација направете лесен пилинг на кожата. На овој начин ќе ги отстраните мртвите клетки од неа и ќе им овозможите на влакната полесно да излезат надвор. Истовремено вие ќе си ја олесните работата и ќе ја намалите болката во текот на целиот процес.

5. Избегнувајте предолги влакна

Влакната на телото кои се подолги од 6-7 милиметри треба да бидат скратени пред депилацијата. Долгите влакна значително ќе ја зголемат болката, а истовремено постои и опасност од пукање на фоликулите поради кои и самата депилација нема да биде целосно успешна.

6. Збогувајте се со бричот

Доколку сакате да се депилирате, бидете доследни на оваа одлука и заборавете на бричот. Бричењето предизвикува влакната да растат остро, па токму затоа првата депилација со восок по него може да биде не толку успешна. Но, откако ќе го скршите мразот влакната ќе почнат да растат многу потенко, па на тој начин со тек на време депилацијата нема да ви биде толку болен процес.

7. Користете ги двете раце

Со цел депилацијата да биде поуспешна и помалку болна, користете ги двете раце. Откако ќе ја нанесете лентата за депилирање на кожата, со едната рака затегнете ја кожата и одржувајте ја така додека со другата повлечете ја лентата во еден потег.

8. Избегнувајте ги оние денови во месецот

Обидете се да не се депилирате неколку дена пред и по месечниот циклус. Во тој период прагот на болка е најнизок, па токму затоа депилацијата може да биде многу мачна.

9. По депилацијата

Со цел да ја спречите иритацијата на кожата, во наредните 24 часа од депилирањето избегнувајте излегување на сонце, ароматизирани лосиони, лосиони кои содржат алкохол како и тесна облека.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар