5 одлични фризури кои мора да ги испробате оваа пролет

5 одлични фризури кои мора да ги испробате оваа пролет

Пролетта ни носи повеќе топлина, светлина и разиграност во воздухот, па токму затоа и добиваме голема потреба за да го промениме својот изглед со нова фризура. Оваа пролет во тренд се неколку должини на косата: од кратки пикси степени, до многу долги бохо прамени кои шармантно го урамуваат вашето лице.

1. Асиметрична пикси фризура

(1) 5 одлични фризури кои мора да ги испробате оваа пролет

Безвременската пикси фризура во оваа модерна адаптација е збогатена со асиметрични степени во кои прамените се поставени на предниот дел од косата и потоа префрлени на едната страна, оставајќи ги малку подолги и не толку уредни. Оваа фризура е многу забавна и откачена, особено ако се стилизира на начин кој ќе ѝ даде заводлив волумен. Асиметричната опција е многу поженствена и понежна од класичната пикси фризура.

За да добиете фризура која ќе мами погледи, на сува коса нанесете лак за коса, па со фигаро со средна големина направете бранови на неколку прамени, а потоа низ нив поставете тенок слој гел за коса кој ќе ѝ даде сјај и ќе ја зацврсти.

2. Структуриран боб

(2) 5 одлични фризури кои мора да ги испробате оваа пролет

Структурираниот боб е секогаш модерен. Оваа година различните боб варијации заземаа посебно место во светот на ѕвездите и голем дел од нив направија ваква драстична промена на фризурата. Структурираниот боб е рамен и краток, со должина до половина врат, што му овозможува една доза драматичност, но и сексапил.

За обликување на оваа фризура пожелно е да се користи фигаро со голема големина со цел да ѝ дадете динамика на вашата коса. Не заборавајте да ставите серум на врвовите за да ги омекнете, а со тоа и да ѝ дадете елегантен изглед на вашата коса.

3. Лоб со текстура

(3) 5 одлични фризури кои мора да ги испробате оваа пролет

Оваа одлична фризура е совршениот компромис за оние кои сакаат да ја скратат својата коса, но и да задржат дел од должината. Нежните и меки бранови, префрлени на едната страна од главата кои деликатно паѓаат на рамената, се совршен избор за оваа пролет.

Оваа фризура е добар избор за сите оние кои имаат тенка и природно рамна или брановидна коса.

4. Асиметричен лоб

5 одлични фризури кои мора да ги испробате оваа пролет

Асиметричниот лоб е од едната страна подолг, бушаво брановиден и паѓа некаде помеѓу должината на брадата и рамената. Овој изглед е софистициран и одлично го нагласува лицето, па доколку имате убаво дефинирани црти на лицето, оваа варијација на боб фризура треба да биде на врвот на вашата листа.

За да постигнете навистина елегантен изглед, прамените израмнете ги со пегла за коса. За време на мрзливите денови, доволно е само да ја исушите косата и да поминете неколку прамени со фигаро.

5. Француски шишки

(5) 5 одлични фризури кои мора да ги испробате оваа пролет

Модата инспирирана од 1970-тите години во моментов е во тренд, па токму затоа и оваа фризура е една од најбараните за оваа сезона. Францускиот шик е идеален за девојки со тенка коса кои не сакаат да ја компромитираат нивната должина.

Француските шишки се долги и поместени странично, па токму затоа најдобро е да ги обликувате со фен така што ќе поминувате со прстите низ нив додека ги сушите. Ако сакате текстура на косата, ставете солен спреј и во неколку движења лесно притискајте ја со прстите со цел да добиете бранови.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар