9 растенија кои можете да ги одгледувате во вашата кујна

9 растенија кои можете да ги одгледувате во вашата кујна

Идејата за одгледување растенија покрај прозорецот во кујната станува сѐ попопуларна. Замислете колку би било прекрасно да ги имате сите органски растенија при рака кога ќе ви притребаат. Ако ви се допаѓа оваа идеја, тогаш откријте како лесно можете да ги одгледувате растенијата кои често ги користите при готвењето и во исхраната.

1. Зелена салата

9 растенија кои може да ги одгледувате во вашата кујна

Одгледувањето зелена салата е лесна задача. Ставете го белиот корен на зелената салата во стаклена тегла полна со вода, а потоа поставете го растението на сонце и не заборавајте одвреме-навреме да ги прскате корењата со вода за да не се исушат. После неколку дена ќе забележите дека се формирале нови лисја и корења. По една недела може да го ставите растението во земја, оставајќи ги лисјата над земјата. Подгответе се за жетва за само неколку недели. Алтернативно, можете растението да го ставите директно во земја. Во тој случај тоа треба да се наводнува интензивно во текот на првата недела, додека не се појават првите никулци.

2. Ѓумбир

9 растенија кои може да ги одгледувате во вашата кујна

Одгледувањето ѓумбир е исто така многу лесно. Едноставно ставате едно парче ризом од ѓумбирот во земја, со пупките свртени нагоре. Тој има потреба од силна светлина, но не треба да биде директно изложен на сонце. Не заборавајте да го наводнувате и вашето растение набрзо ќе пушти нови корења. Кога ѓумбирот ќе порасне, може да го извадите од земјата, да ги откинете посакуваните делови и повторно да го пресадите.

3. Лимонова трева

9 растенија кои може да ги одгледувате во вашата кујна

Како и обичната трева, така и оваа, за да израсне на коренот му е потребна само чаша за вода и сончева светлина. Таа ќе почне да расте за нешто повеќе од една недела, а потоа ќе треба да ја пресадите во саксија. Кога стебленцата ќе пораснат околу 30 сантиметри во висина, пресечете го целиот дел што е над земјата. Не грижете се, тие повторно ќе пораснат.

4. Праз

9 растенија кои може да ги одгледувате во вашата кујна

Остатоците од празот што сте го подготвувале за готвење ставете ги во чаша со малку вода и оставете ја на место изложено на сончева светлина, на пример покрај кујнскиот прозорец. Во зима подобро најдете место каде што нема многу провев. Делот од растението кој се јаде веднаш ќе почне да расне, па сѐ што треба да направите е да го пресечете кога е потребно. Не заборавајте да му долевате вода еднаш во неделата.

5. Рукола

9 растенија кои може да ги одгледувате во вашата кујна

На руколата не ѝ е потребно многу земја и најдобро расте во ретка, растресита земја. Посејте неколку зрна семе од рукола во саксија, прекријте ги со слој сува земја дебел околу 1,5 сантиметри и полејте со топла вода. Прекријте ги со парче проѕирна фолија и ставете ги на топло место. За 3-7 дена ќе се појават првите никулци. Тогаш треба да ја отстраните фолијата и да го пресадите растението во поголема саксија. Кога лисјата ќе достигна 10 сантиметри во висина, може да почнете да ги собирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар