7 нешта на кои успешните и среќни луѓе никогаш не помислуваат

7 нешта на кои успешните и среќни луѓе никогаш не помислуваат

Постојат лаги во кои некои луѓе едноставно си се уверуваат самите себеси и на тој начин го саботираат личниот успех. Други пак, се едноставни успешни и среќни и за тоа не можете да ги обвините ѕвездите, бидејќи тие едноставно знаат како да размислуваат со цел да се водат кон правилната насока во нивниот живот. Погледнете ги следниве 7 нешта кои тие никогаш не ги кажуваат, а уште помалку ги помислуваат.

7 нешта на кои успешните и среќни луѓе никогаш не помислуваат

1. „Ех, кога само би се променил мојот партнер/шеф/најдобар пријател, животот би ми бил многу подобар“

Луѓето често имаат тенденција да ја бараат вината во другите, особено кога минуваат низ тежок период. Но, наместо да ги обвинувате другите и да верувате дека тие треба да се променат за вашиот живот да биде подобар, време е да преземете одговорност за вашите дела. Успешните луѓе ги имаат под контрола своите одлуки и цврсто стојат зад нив, без разлика дали тие биле со позитивен или негативен исход.

2. „Не би бил/а толку несреќен/несреќна кога би имал/а подобра работа“

Најверојатно барем еднаш во вашиот живот сте се сретнале со ситуација која ве натерала да поверувате во оваа мисла. Но, што повеќе се фокусирате на неа, толку полошо ќе се чувствувате. Вистината е дека без разлика на тоа што го правите, вие ќе имате можност сами да донесете свои одлуки. Вие можете да ја оставите работата која не ви причинува задоволство и да најдете друга или едноставно да го промените својот став за неа и да бидете благодарни што воопшто имате работа во овој момент.

3. „Кога би имал/а поголема плата не би бил/а заглавен/а во долгови“

Ако имате проблеми со трошењето и сте во долгови до врат, заработувањето поголема сума пари е најверојатно лажно решение со кое само се тешите во овој тежок период. Но, вистината е дека колку повеќе пари имате, толку повеќе и ќе трошите. Најдоброто решение е едноставно да направите месечен план за трошење со чија помош нема да завршувате во минус на крајот од секој месец.

4. „Престар/а сум за студирање/патување/вежбање“

Годините не се изговор за да не направите нешто што отсекогаш сте го посакувале. Само погледнете околу себе и веднаш ќе забележите дека постојат бројни примери од постари личности кои можат да ви послужат како инспирација. Годините се само бројка со која нема потреба да се нервирате.

5. „Еден ден ќе…“

Оваа изјава е можеби една од најголемите лаги кои сите ние постојано си ги кажуваме. „Еден ден ќе отпатувам во Куба“, или пак, „Еден ден ќе научам професионално стрелаштво“. Но, кога поточно е тој еден ден? Ако прашате која било успешна личност, тие би ви рекле дека тоа е синоним за никогаш. Ако сакате нешто да направите, денешниот ден е совршен за таа цел!

6. „Никогаш не би можел/а да…“

Освен ако не постои вистинска и реална пречка (која не се наоѓа само во вашите мисли), ништо не може да ве спречи во вашите цели. Без разлика дали станува збор за освојување врв на планина, трчање маратон или пак, за уредување на вашиот двор. Време е да ја научите разликата помеѓу „не можам“ и „не сакам“, бидејќи колку повеќе се лажете себеси, толку помалку нешта ќе успеете да постигнете во вашиот живот.

7. „Кога би бил/а побогат/а, послаб/а или посамоуверен/а, мојот живот би бил совршен“

Ако нешто можете да научите од успешните и среќни луѓе, тоа е дека тие сфаќаат дека животот никогаш не може да биде совршен, без разлика колку се трудите да го постигнете тоа. Колку побрзо го сфатите ова, толку побрзо ќе можете и да почнете вистински да живеете. Секогаш може да биде подобро, трикот е да бидете благодарни за тоа што моментално го имате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар