9 работи што може да ја расипат вашата правосмукалка

9 работи што може да ја расипат вашата правосмукалка

Кога ќе видите остатоци од земја на тепихот веднаш земате правосмукалка и ги чистите. Но, многу подобро е тогаш да го исчистите тепихот со четка. А, не би требало да ги чистите со правосмукалка ниту остатоците од кафе или вода.

Чистењето со правосмукалка е често подобро решение од чистењето со метла заради едноставноста и практичноста. Како и да е, по некое време, правосмукалката почнува да мириса лошо, послабо да работи или целосно да престане да работи. Ова се случува затоа што има нешта што не треба да се чистат со неа.

9 работи што може да ја расипат вашата правосмукалка

Еве што треба да престанете да чистите со правосмукалка:

1. Кафе, мелено кафе или какао

Ако со правосмукалката ги исчистите остатоците од кафето што ви се истурило тоа ќе го зголеми ризикот од појава на мувла во правосмукалката. Таквите остатоци се секогаш влажни, дури и кога не изгледаат така. Покрај тоа, тие брзо се складираат во внатрешните делови на правосмукалката и стануваат скоро невозможни за чистење.

Меленото кафе и какаото се опасни за правосмукалката, бидејќи нивните мали честички може да ги блокираат филтрите. Тие, исто така, може да влезат во моторот и да го расипат.

2. Остатоци од земја

Првото нешто што сакате да го направите откако некој ќе прошета со валкани чевли низ собата е да поминете со правосмукалката. Но, во овој случај, подобро е да го исчистите тепихот со четка бидејќи правосмукалката може да ја потисне нечистотијата уште подлабоко во тепихот и потоа ќе биде уште потешко таа да се исчисти.

Покрај тоа, ако калта внесена во куќата е сè уште влажна, може да предизвика технички проблеми со моторот на правосмукалката. Сувите цвеќиња и лисјата од растенија лесно може да го затнат цревото или филтерот. Тие, исто така, може да бидат влажни кога се вшмукуваат со правосмукалката, а тоа може да биде штетно за уредот.

3. Коса

Невозможно е да се избегне насобирањето на влакна од коса во правосмукалката, но сепак е важно да внимавате на влакната од домашни миленици и човечка коса и да не дозволите тие да навлезат во правосмукалката во големи количини. Тие не може да ја затнат, но моќта на правосмукалката може значително да се намали.

Некои безжични правосмукалки имаат ротирачки четки кои може да се заплеткаат со влакна, така што ќе треба да го расклопите уредот или да ги исчистите четките рачно.

4. Козметика

Пудрата во прав, бронзерот и другиот вид козметика што изгледа суво, всушност содржи различни масла и супстанции кои се раствораат под влијание на топлиот воздух. Ова е причината зошто козметиката се смета за еден од најголемите непријатели на правосмукалките – затоа што маслата може да ги заглават механичките делови и филтрите. Речиси е невозможно да се исчистат филтрите откако козметиката ќе биде вшмукана во нив, па можеби ќе треба целосно да ги замените.

5. Мали парчиња хартија и конфети

Конфетите можат лесно да ја затнат правосмукалката, да предизвикаат загревање на моторот и тој да престане да работи. Кофетите од фолија се уште поопасни од хартијата. Честичките брзо се раствораат под влијание на топлиот воздух, се заглавуваат во тешко достапните места и ја попречуваат работата на правосмукалката.

6. Електрични жици

Најлесно е да се исчистат електричните и продолжните кабли со правосмукалка, со моќноста на вшмукување може да ги оштети каблите и жиците. Овие оштетувања не се веднаш видливи но може да предизвикаат краток спој или електричен удар. Затоа, подобро е да го избегнете чистење на жиците на овој начин, особено кога станува збор за кабли со различна дебелина.

7. Влажни подови

Опасно е да се чисти со правосмукалка подот што е премногу влажен бидејќи тоа може да предизвика електричен удар. Исто така, постои можност да предизвикате и краток спој.

8. Ситни парчиња стакло

Во повеќето случаи, откако ќе го испразните канистерот неколкупати, треба да го исчистите цревото на правосмукалката, филтрите и торбата за прашина за да не се оштетат.

Малото оштетување може воопшто да не биде забележливо, но правосмукалката нема да може целосно да ја исчисти прашината која ќе се врати во свежо исчистениот стан преку оштетените делови.

9. Брашно

Сосема малку брашно нема да му наштети на уредот, но ако ви се истурила поголема количина, подобро ќе биде да ја соберете рачно бидејќи тоа може да ја оштети правосмукалката. Сите филтри ќе се блокираат, а брашно може да навлезе и во моторот и да го расипе.

Можеби сакате да ги дознаете и триковите за полесно чистење кои ги користеле нашите баби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар