9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормоните

Исхраната го менува начинот на кој телото функционира и може да влијае позитивно на хормоналните проблеми. Токму затоа и погледнете како со правилната исхрана можете да го регулирате нивото на хормоните во вашиот организам.

1. Брокула

9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормоните

Брокулата изобилува со фитохемикалии на ди-индолил метан кои го чистат организмот од отровната форма на естрогенот. Ваквиот тип естроген го има во преработената храна и пестицидите, а неговото внесување во организмот предизвикува низа хормонални проблеми кои можат да резултираат со промена на расположението, депресија и неконтролирано дебелеење.

2. Сладок компир

Слаткиот компир е богат со аминокиселината триптофан која го намалува нивото на кортизолот – стрес хормонот. Тој исто така содржи и витамин Б6 кој го поттикнува метаболизмот и јаглехидратите кои бавно се разградуваат. Со самото тоа што телото добро го вари, подолго го снабдува организмот со серотонин. Со тоа се подигнува расположението и се намалува желбата за храна.

3. Лосос

9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормоните

Лососот е богат со аминокиселини и омега-3 киселини кои ги балансираат хормоните и ги задоволуваат дневните потреби од протеини. Протеините се важни бидејќи влијаат на хормоните и ја менуваат работата на мозокот. Со јадењето лосос, телото добива доволна количина неопходни хранливи материи кои ја намалуваат желбата за шеќер, го намалуваат нивото на кортизолот и го поттикнуваат правилното производство на естроген и тестостерон.

4. Јогурт

Јогуртот е богат со протеини, калциум, магнезиум, витамин Б6 и калиум. Овие хранливи материи го намалуваат стресот, ризикот од драстични промени на расположението и обемот на половината. Не се препорачува да јадете овошни јогурти, бидејќи се богати со шеќери кои во истиот момент го зголемуваат шеќерот во вашата крв, но и подеднакво брзо го спуштаат, а со тоа и негативно влијаат врз вашата енергија.

5. Шумско овошје

9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормоните

Исто како и брокулата, така и шумското овошје му помага на телото при исфрлувањето на отровниот естроген кој влијае врз расположението и тежината. Тоа меѓу другото го чисти дигестивниот тракт и го зајакнува црниот дроб. Има ниско количество шеќери, па токму затоа е и идеален и здрав додаток во исхраната. Прехранбените производи кои се богати со шеќери можат да предизвикаат хормонални промени кои, пак, потоа можат да предизвикаат дебелеење и претставуваат стрес за организмот. Освен шумско овошје, се препорачува да јадете акаи бобинки, кокос и спирулина.

6. Бадеми

9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормоните

Бадемите изобилуваат со магнезиум, витамин Б6, калциум и калиум кои ги регулираат организмот и расположението. Се препорачува секој ден да јадете до 20 бадеми, особено кога добивате желба за благи работи. Бадемите ќе ве заситат и нема да го зголемат нивото на шеќерот во вашата крв.

7. Сурутка

Таа е одлична за жените со хормонални проблеми. Не содржи холестерол, масти и лактоза, но обилува со триптофан и Л-глутамин кој го поттикнува производството на глутатионот, главниот антиоксиданс во човечкото тело. Со засиленото производство на овој антиоксиданс се зајакнува имуниот систем, но и се балансира нивото на тестостеронот во телото. Најдобро е да се користи протеински додаток кој содржи стевија, а не преработен шеќер.

8. Зелен листест зеленчук

9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормоните

Кељот, зелената салата, празот и блитвата имаат слично дејство како и шумското овошје и брокулата. Тие го чистат телото од лошиот естроген кој доаѓа со преработената храна и пестицидите. Јадењето на зелениот листест зеленчук, кој е богат со витамини и минерали, го смалува нивото на хормонот кортизол и ја зајакнува крвната слика.

9. Кисела зелка

Киселата зелка ги чисти црниот дроб и телото од отрови и ја регулира крвната слика. Овој зеленчук е богат со пробиотици кои позитивно делуваат на хормоните, го балансираат расположението и го регулираат дигестивниот систем.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар