9 нешта кои треба да ги запомните доколку сте заљубени во екстроверт

9 нешта кои треба да ги запомните доколку сте заљубени во екстроверт

Доколку сте во врска со екстроверт, а вие сте малку поинтровертни, или едноставно поразлични, погледнете ги наредниве нешта на кои треба да обрнете внимание. Најпрво имајте на ум дека Карл Јунг ги дефинирал екстровертноста и интровертноста како два спектара на однесувањето. Интровертите имаат тенденција да бидат повеќе насочени кон себе и не се толку добри во социјализирање ниту пак во разговарање. Од друга страна пак, екстровертите се секогаш расположени за излегување, големи групи луѓе и зборување.

9 нешта кои треба да ги запомните доколку сте заљубени во екстроверт

Вистината е дека повеќето луѓе можат да ги покажуваат и двете тенденции, но во одреден момент само едната од нив доминира. Погледнете ги 10-те нешта кои треба да ги запомнете доколку сакате подобро да разберете екстроверт. Исто така, доколку ве интересира, прочитајте и што треба да знаете ако сте во врска со интроверт.

1. Тие го знаат квалитетот на добриот разговор

Изгледа дека во последно време сите се насочени кон своите смартфони или лаптопи и веќе никој не цени вистински разговор. Дури и кога сте излезени со пријателите, ретко кога се случува вистинска комуникација. Но, доколку во вашата близина има екстроверт, тогаш вам ни на крај памет нема да ви падне да го погледнете смарфтонот, бидејќи тој/таа постојано ќе зборува, ќе се смее и ќе кажува шеги.

2. Тие веднаш ги сакаат своите награди

Биолошката психологија е навистина неверојатна. Дел од мозокот на екстровертите кој е одговорен за протокот на допамин и кој го контролира наградувањето, учењето и начинот на кој реагираат во нови ситуации изгледа дека е поактивен кај нив. Ова е главната причина зошто тие генерално сакаат моментално задоволување. Ова може да ви помогне да сфатите и зошто тие не се добри во штедење.

3. Тие ги знаат границите на социјалните мрежи

Екстровертите сакаат да прават реален социјален контакт и да си поминуваат добро наместо да бидат робови на екранот. Екстровертите можеби ќе имаат многу пријатели на Фејсбук, но едвај чекаат да имаат офлајн комуникација. Тие сметаат дека странците се пријатели кои сè уште не ги запознале. Екстровертите исто така немаат тенденција да објавуваат сентиментални изјави на социјалните мрежи, бидејќи со радост ги споделуваат овие информации лице в лице. Но, имајте на ум дека тие сакаат да ја следат активноста на својот партнер на социјалните мрежи.

4. Тие лесно и брзо напредуваат во својата кариера

Нивната подготвеност во секое време да се забавуваат, шармантноста и веселоста им носат голема предност во работното место. Екстровертите имаат реална предност пред тивките и срамежливи колеги интроверти, само затоа што не им пречи да бидат понаметливи. Но, истражувањата покажале дека тие не само што се поуспешни, туку исто така и ги сметаат за покомпетентни (без разлика дали навистина се компетентни или не).

5. Обожаваат да бидат во центарот на вниманието

И покрај тоа што тивките и срамежливите ќе го избегнуваат центарот на вниманието, екстровертите го обожаваат и едноставно не можат да го избегнат. Ова објаснува и зошто повеќето ѕвезди во медиумите и шоу бизнисот се екстроверти. Оваа карактеристика исто така влијае и врз нивните избори на хоби или спорт, бидејќи секогаш се желни за авантури и нови предизвици. Па, доколку вие сте интроверт, заљубен во екстроверт, имајте на ум дека центарот на вниманието ќе се насочи и кон вас.

6. Многу брзо им досадуваат нештата

За многу екстроверти да се биде во тивка соба со книга не е идеален начин за поминување на нивното слободно време. Тие едноставно не гледаат никаква предност во тоа да им биде здодевно. Токму затоа вниманието брзо им се насочува кон нови нешта и многу често имаат потреба од екстерни дразби за да ги одржуваат своите батерии наполнети. Добрата страна кај ова однесување е што тие имаат тенденција да бидат многу иновативни при барањето нови искуства. Доколку сте интроверт и не можете да го следите нивното темпо, можеби постојано ќе треба да преговарате за тивко време за себе.

7. Тие имаат поголема шанса да живеат подолго

Тие не се свесни за ова, но големиот круг пријатели на екстровертите е навистина голема предност доколку сакаат да живеат подолго. Тие имаат голема мрежа на пријатели и познаници на кои можат да им се јават доколку имаат потреба од нив. Всушност постојат и до 50% поголеми шанси да живеат подолго од тивките интроверти, а ова го покажале и голем број студии. Доколку сте во долготрајна врска со екстроверт, ова е добро да се знае!

8. Тие се посреќни од повеќето луѓе

Тие се едноставни, среќни и позитивни поголемиот дел од времето. Без разлика на нивната националност, социјалниот или економскиот статус, тие секогаш се посреќни од интровертите. Ова е првата карактеристика на личноста која изгледа дека ги надминува сите културолошки разлики. Интересно е што оваа среќа е и заразна, па токму затоа и вие би биле посреќни покрај екстроверт.

9. Компромисот е основата на врската

Доколку сте заљубени во екстроверт, ќе откриете дека реципроцитетот и компромисот можат да направат чуда за вашата врска. Вие можете да постигнете согласност за сите аспекти на вашата врска, започнувајќи од социјализацијата како пар, па сè до времето кое ви е потребно да го поминувате сами. Имајте на ум и дека на интровертите дружењето им ја троши енергијата, додека пак на екстровертите им ја полни, па доколку и двајцата разбирате од каде ви доаѓа енергијата и го цените тоа, вие ќе можете многу лесно со помош на компромисот да ја однесете вашата врска на повисоко ниво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар