9 навидум безопасни верувања кои ве оддалечуваат од среќата

Многу често вашите чувства и желби ве водат кон размислување во погрешна насока. Оттука носите погрешни заклучоци во однос на одлуките кои ги преземате во животот и насоките кои ги одбирате. Опуштете се и прочитајте зошто некои навидум наивни верувања ве оддалечуваат од животната среќа.

9 навидум безопасни верувања кои ве оддалечуваат од среќата

1. Верувањето дека среќниот живот и лесниот живот се иста работа

Лесен живот значи да немате тешки избори, без главоболки, без предизвици, без страв, без одбивање, без пораз. Но, лесниот живот значи отсуство на авантури, напредок, возбуда, ризици, живот без радост и голема љубов од која ви се чини дека ќе ви експлодира срцето. Среќата има цена (болка, грижи, анксиозност), но и покрај сè, таа е најголемата награда.

2. Верувањето дека среќата е нешто што треба да го зграпчите, а не нешто што е дел од вашето битие

Проблемот со среќата е што луѓето мислат дека е уште еден трофеј во животот со кој ќе можат да се пофалат пред другите. Вие ќе имате повеќе искуства со неа доколку научите да бидете благодарни за тоа што го имате, особено за наједноставните нешта како самиот факт што сте дочекале уште едно изгрејсонце здрави и живи.

3. Верувањето дека работата од соништата нема стресни ситуации

Да ја имате работата од соништата значи и дека сте нашле нешто за што се грижите толку многу што тоа ви дава енергија и радост, наместо да ве изморува. Работата од соништата ќе биде исто така тешка како и секоја друга работа и веројатно ќе работите многу повеќе.

4. Верувањето дека вистинската љубов значи и по многу години да бидете страствени како првиот ден кога започнала врската

Страста дефинитивно може да биде крајна цел во врската. Но, чувствата дека сте во облаци, дека имате пеперутки во стомакот или дека губите здив кога сте заедно имаат рок на траење. Реалноста е дека вистинската љубов е многу подобра од тоа. Имате чувство на смиреност, сигурност, доверба и искрена радост кога сте во близина на вашиот партнер.

5. Верувањето дека светот ви должи нешто

Тоа не е точно. Размислете колку е комплициран вашиот живот, а потоа сетете се дека секоја личност со која се среќавате живее исто толку комплициран живот како вашиот, ако не и повеќе.

6. Верувањето дека сите можете да ги направите како вас ако доволно се трудите

Некои луѓе едноставно нема да ве сакаат. Не трошете ја енергијата обидувајќи се да откриете зошто, и потрошете ја на луѓе кои навистина ви значат.

7. Верувањето дека учењето завршува кога ќе завршите факултет

Процесот на учење во животот никогаш не завршува. Има книги и интернет страници кои ви се на дофат во секое време. Има предавања на кои може да присуствувате и многу нови луѓе со кои може да се запознаете.

8. Верувањето дека некој друг е виновен секогаш кога нешто не ви оди во прилог

Можеби некогаш е така, но каде ве води тоа? Наместо да губите време и да барате виновници, можете уште веднаш да промените нешто во вашиот живот.

9. Верувањето дека вие сте центар на универзумот

Баш напротив, вие сте најситната единка. И додека ова ви звучи негативно и брутално, во суштина ви дава слобода и чистина. Вашиот живот, спореден со времето од кога луѓето постојат на оваа земја, е навистина незначаен. Па, зошто да се грижите ако некој колега не ве сака? Или дека сè уште не сте реализирани во животот, во споредба со вашите врсници. Кога ќе бидете мртви, сите овие грижи инстантно ќе исчезнат. Затоа не трошете го времето на неважни проблеми и обидете се да направите барем најмала разлика во општеството во кое живеете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар