7 животни совети од родителите кои можете да ги разберете само откако ќе станете возрасни

Кога сте дете, светот на возрасните изгледа недостапно и недостижно. Вашите родители и учители ви давале бескрајни совети и мудри зборови кои ви звучеле нелогични за вашиот детски ум и сте сметале дека можат да бидат разбрани само од нивна перспектива и поради тоа обично и не сте ги слушале толку внимателно. Но, сега кога се постари и конечно влеговте во тој свет на возрасните, сфаќате дека некои од тие совети навистина имале големо значење.

7 животни совети од родителите кои можете да ги разберете само откако ќе станете возрасни?

1. „Парите не растат на дрво.“

Вашите родители веројатно ви го кажале ова првиот пат кога сте побарале пари за некој настан кој немал толку голема вредност, ниту пак корист, но за вас бил најважната случка во месецот. Сега, кога сте постари и кога се соочувате со работните обврски и плаќањето на сметките, знаете точно што мислеле вашите родители.

2. „Престани да посакуваш да бидеш постар/а.“

Кога сте биле мали, сигурно очајно сте посакувале да бидете како возрасните: Да останувате надвор до подоцна, да можете легално да пиете алкохол, да не одите повеќе на училиште, да носите шминка… Но, сега реалноста од 8-часовната работа или факултетот станува многу поочигледна и времето изгледа како да летнало. Годините си поминуваат и деновите кои никогаш не сте ни помислиле дека ќе ги доживеете се веќе на прагот.

3. „Треба да одиш на факултет ако сакаш да имаш добра работа“

Освен ако не сте наследник на некоја мултимилионерска компанија, тогаш веројатно ви било кажано дека ако сакате да имате добра и стабилна работа, треба да одите и на факултет. Иако, случајот не е секогаш таков, сепак како што стареете ќе сфатите дека е тешко да се одржи добра плата без претходно образование или соодветна обука. Дипломата понекогаш знае да направи голема разлика.

4. „Никој не рече дека животот е фер“

Ви велеле дека треба да одите на факултет за да имате добро платена работа, но не ви кажале дека треба да ги користите тие пари за да го платите факултетот. Колку поголема автономија добиваме, толку повеќе разбираме дека животот не е баш фер. Во оној момент кога ќе увидиме дека половина плата ја користиме за да ги платиме сметките и даноците и едвај ни останува нешто настрана за да си ги исполниме личните желби, ќе сфатиме дека зборовите на нашите родители биле чиста вистина.

5. „Вредиш исто толку колку што вреди и твоето друштво“

Во моментите кога ќе наидете на проблеми во односот со некои од вашите пријатели, ќе се сетите на зборовите на мајка ви, која ви рекла дека не би требало да се дружите со одредени личности. Вашите родители го гледале она што вие не сте можеле да го видите кога сте биле млади и наивни и сѐ што ви било важно била само добрата забава. Вистина е кога велат дека мудроста доаѓа со староста.

6. „Ако сите скокнат од балкон, ќе скокнеш ли и ти?“

Можеби тоа што сме го правеле тогаш не изгледало толку драматично како скокање од балкон, но како што старееме така овие зборови добиваат сè поголема смисла. Последиците од правењето глупави и непромислени работи се многу полоши кога сме возрасни. Како што ги откриваме своите интереси и се обидуваме да одлучиме што ќе правиме понатаму со животот, учиме дека најважно е да го следиме само нашиот пат, а не патиштата на другите.

7. „Ќе разбереш кога ќе бидеш постар/а“

Сега, кога сме возрасни, сите тие работи кои ни ги кажувале нашите родители, баби и дедовци и учители, почнуваат да добиваат ново значење. И додека да трепнеме и ние ќе се претвориме во нив и ќе почнеме да ги учиме и советуваме и своите деца. Таков е животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар