8 трикови за брзо и ефикасно шминкање

8 трикови за брзо и ефикасно шминкање

Поради забрзаното темпо на живот и секојдневното брзање и доцнење, честопати имаме малку време за дневна шминка. Очите се првите кои ќе ве предадат ако сте немале време да се нашминкате или не сте се наспале. Затоа ви даваме совети кои многу ќе ви помогнат кога е во прашање шминкањето, но и ќе ви овозможат да заштедите време.

1-8-trikovi-za-brzo-i-efikasno-shminkanje-kafepauza.mk

1. Веѓи

Ако спаѓате во личностите кои изгледаат десет пати поубаво ако им се добро негувани веѓите, тогаш тие нека ви станат приоритет. Сепак, за да не трошите премногу време на нив, со помош на моливче за веѓи пополнете ги неправилните подрачја, а потоа потемнете ги малку со маскара за да добиете природен изглед.

2-8-trikovi-za-brzo-i-efikasno-shminkanje-kafepauza.mk

2. Боја

Имате ли време за нанесување на руменило, сенка и кармин? Најчесто не. Затоа експертите советуваат кремасто руменило во боја која ќе можете да ја нанесете на образите, капаците и на усните за неколку секунди.

3-8-trikovi-za-brzo-i-efikasno-shminkanje-kafepauza.mk

3. Трепки

Маскарата е една од најважните работи во текот на шминкањето. Но, најчесто немаме доволно време за да ги направиме трепките совршени, а потоа да почекаме и да се исушат. За брзо и ефективно средување на трепките користете виткач за трепки. Навитканите трепки убаво ќе ги дефинираат очите, а ефектот ќе биде ист како да сте нанеле маскара.

4-8-trikovi-za-brzo-i-efikasno-shminkanje-kafepauza.mk

4. Очи

Очите се првите кои ќе ве предадат ако сте немале време да се нашминкате или не сте се наспале. Нанесете коректор на горниот и долниот дел на очите за да ги покриете подочниците и црвенилото, а потоа нанесете малку пудра во прав. Ставете малку маскара и ќе добиете одморен изглед.

6-8-trikovi-za-brzo-i-efikasno-shminkanje-kafepauza.mk

5. Бронзер

Бронзерот ќе се погрижи да добиете здрава румена боја. Доволни се само неколку потези со четката врз јаболчниците, на работ на челото кај косата, на секоја страна на носот како и еден потег на рабовите од очите.

5-8-trikovi-za-brzo-i-efikasno-shminkanje-kafepauza.mk

6. Коректор

Со него брзо и лесно се покриваат недостатоците кои не сакаме да се гледаат, а лицето го прави беспрекорно. Со помош на прстите нанесете го на подочниците, на црвените подрачја околу ноздрите и натапкајте го на горните агли на очите.

7-8-trikovi-za-brzo-i-efikasno-shminkanje-kafepauza.mk

7. Усни

Молив за усни, сјај, кармин, балсам… Постојат многу опции со кои се соочувате секое утро. Изберете производ кој ги комбинира сите горенаведени производи, на пример, хидратантен сјај за усни во боја.

8-8-trikovi-za-brzo-i-efikasno-shminkanje-kafepauza.mk

8. Тен

Многу жени чувствуваат дека им треба помалку шминка кога се исончани. За среќа, денес постојат многу препарати за самопотемнување.

beautiful woman with half face tanned


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар