Тест од 9 прашања чии одговори ќе ве „соблечат“ до срж

Тест од 9 прашања чии одговори ќе ве „соблечат“ до срж

Овој интересен тест на личноста ја открива вашата суштина, ставајќи ве во замислени, но многу важни животни ситуации. Одлуките што би ги донеле во тие ситуации откриваат дел од вашата личност и вашите приоритети. Следуваат 9 интересни прашања на кои треба внимателно да одговорите. Потоа погледнете го нивното значење.

test-od-9-prashanja-chii-odgovori-kje-ve-soblechat-do-srzh-kafepauza.mk

Прашања:

1. Неотворена кутија стои на подот. Што има внатре?

2. Кога би можеле да одберете едно место каде што би живееле до крајот на својот живот, кое би било тоа?

3. Шетате изгубени низ пустина цел ден и конечно забележувате село во далечината. Но потоа забележувате и оаза која е малку поблиску. Каде ќе одлучите да одите?

4. Што би направиле ако одеднаш изгубите сè?

5. Замислете дека утре е недела. Како би го поминале денот?

6. Ако имате проблем, кого би побарале за да ви помогне?

7. Ако може да изберете, во кој период од животот (детство или моменталните години) би живееле засекогаш?

8. Ако некој ви каже дека ви останале уште 24 часа живот, како би ги „потрошиле“?

9. Ако може да спасите една работа (не личност или милениче) од пожар, што би било тоа?

  • Одговори:

    Прашање бр. 1: Вашиот одговор открива како вие гледате на неочекуваните ситуации. Ако замисливте нешто што нема никаква вредност за вас, тогаш верувате дека среќата и добрите работи не доаѓаат лесно и дека вам не ви се предодредени. Доколку замисливте богатство или нешто вредно, тогаш очекувате дека еден ден ќе бидете богати. Ако пак, претпоставивте дека кутијата е празна, тогаш не верувате во среќа, вие сте многу практични.

    Прашање бр. 2: Ако сте се одлучиле за местото каде што моментално живеете, тогаш сте задоволни и удобно ви е каде што сте. Задоволни сте и благодарни. Ако сте одбрале далечно место, вие сте сонувач и тежнеете кон романтични работи. Ако пак не сте можеле да се одлучите, тогаш не сте склони кон силни врзувања за луѓето и местата. Номад во душа.

    Прашање бр. 3: Ова ја опишува вашата работна етика. Ако ја одбравте оазата, сакате да доаѓате на работа први, а да си одите последни. Не сакате правила и прописи и одвреме-навреме сте импулсивни. Сакате да работите повеќе работи истовремено, но понекогаш знаете да ја одолговлекувате работата. Ако заминавте право во селото, тогаш вие сте личноста која ја презема одговорностa. Претпазливо го планирате вашиот ден и знаете како да го искористите вашето време. Ги почитувате роковите и сакате да довршувате проекти наместо да започнувате нови.

    Прашање бр. 4: Оние кои решиле да започнат од нула се луѓе кои се спремни да преземат одговорност за своите дела, а не само мирно да ги прифаќаат промените во животот. Оние кои би се предале и би плачеле би требало да поработат на независноста, трпението, прифаќањето и духовноста.

    Прашање бр. 5: Вашиот одговор го опишува начинот на кој ги трошите парите. Ако одговоривте дека сте слободни да правите сè и сешто, значи дека парите ги трошите како ќе ви падне на ум и немате контрола. Ако одлучивте да останете дома, тогаш значи дека сè трошите на купување. Доколку се одлучивте за спортски активности, вие штедите за црни денови. Ако се одлучивте за прошетка, вие сте оние кои внимателно и рационално ги трошат парите. Доколку пак имавте духовна недела ја сакате традицијата, моралот и трајните вредности.

    Прашање бр. 6: Оние кои ќе пробаат да ги решат работите сами имаат цврст карактер и се премногу самоуверени. Ако ги побарате пријателите или фамилијата, малку сте несигурни и не сте спремни да преземете целосна одговорност во тешките ситуации. Оние кои бараат практичен совет од адвокат или друг професионалец се реалисти.

    Прашање бр. 7: Годините кои ги одбравте претставуваат период во кој сте биле најсреќни. Оние кои се одлучија за детството, не сакаат одговорност на својот грб. Ако ја одбравте вашата сегашност, вие сте зрели и успешни.

    Прашање бр. 8: Ако одлучивте да бидете со луѓето кои ги сакате, имате сентиментална природа и сте емотивни. Ако би биле сами, често сте незадоволни и нерасположени. Ако се одлучивте за добра забава, тогаш на животот гледате малку површно. Ако се одлучивте денот да го помините како и обично, вие сте храбри и прилагодливи. Ако би се посветиле на молитви и духовност, вие сте зрела, стара душа на најдобар можен пат.

    Прашање бр. 9: Ако станува збор за некој фото албум или нешто слично на тоа, тогаш сте сентиментални, нежни и чувствителни. Ако е нешто од облека, вие сте претпазливи и конвенционални. Ако одбравте нешто со голема парична вредност, вие сте внимателни, сакате сигурност и материјално богатство. Луѓето кои се одлучуваат за документи, лекови или лаптоп се практични, реални и силни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар