8-те најлоши особини на несигурните луѓе

Луѓето кои не се сакаат постојано си повторуваат дека не се привлечни, дека не можат да направат нешто и слично. Психолозите го означиле ова однесување како токсично не само за несигурните, туку и за сите луѓе околу нив. Поради ова врската со несигурна личност може да биде вистински предизвик бидејќи партнерот ќе мора постојано да ја теши и инспирира. Погледнете кои се најлошите особини на несигурните луѓе и зошто животот со нив е навистина тежок.

8-те најлоши особини на несигурните луѓе

1. Ги впиваат сите ваши емоции и бараат уште повеќе

Несигурните луѓе имаат потреба постојано да им докажувате дека ги сакате. Тие бараат сокриени значења во секој збор, поглед и дело. Едноставно, тие не можат да разберат дали некој е искрен или не. Навистина е тешко да комуницирате со личност која ги гледа само лошите работи во животот.

2. Зборуваат само за себе и за нивните чувства

Несигурните луѓе имаат 2 спротивни особини – не се сакаат, но имаат огромно его. Идеалната врска е исполнета со разговори во кои и двајцата партнери се еднакви. Во овој случај не важи тоа. Несигурните луѓе имаат комплекси, па поради ова размислуваат и зборуваат само за себе. Овој вид на личности ќе го измори и најтрпеливиот партнер.

3. Негативните емоции им се посилни

Несигурните луѓе сметаат дека не се интересни. Меѓутоа, навистина им е болно да си го признаат тоа па се жалат за сè околу нив. Често ги критикуваат и навредуваат другите. Поради ова партнерот мора да им обезбеди голема поддршка во такво непријатно опкружување.

4. Можат да изневеруваат

Луѓето кои се сигурни во себе немаат потреба некој друг да им кажува колку се добри бидејќи веќе го знаат тоа. Ова не важи за несигурните. Нивната самопочит зависи од мислењето на другите. Бидејќи се сомневаат во својата привлечност, можно е да побараат љубов и на друго место. Секоја личност која ќе им покаже и најмало сочувство им станува многу важна. Лесно им е да го обвинат партнерот бидејќи не им овозможувал доволно љубов.

5. Постојано мораат да си докажуваат нешто себеси, но и на светот

Експертите тврдат дека луѓето кои се премногу самокритични често се анксиозни без причина. Никогаш не се задоволни со себе и со другите, па ова ги тера постојано да го бараат совршениот живот, ново работно место кое е подобро, да купуваат работи што не им требаат и постојано да запознаваат нови луѓе. Тие како да имаат потреба да му докажат на светот дека не се толку лоши.

6. Љубоморни се и ќе ве проверуваат

Љубомората е нешто што го чувствуваат сите несигурни луѓе. Луѓето кои не се сакаат себеси не можат да поверуваат дека некој друг ги сака. Понекогаш врската може да се претвори во постојана потрага по неверство. Ова е ужасна ситуација бидејќи љубоморниот партнер може да почне да ве контролира. Речиси и да нема шанси да ја убедите таа личност дека не ја изневерувате бидејќи не верува.

7. Не живеат за денес

Несигурните луѓе често се нарекувани и незрели, а едно е сигурно – не сакаат да преземат одговорност за нивниот живот. Оваа улога му ја доделуваат на партнерот. Стравот од иднината не им дозволува да го испланираат нивниот живот, а каењето ги држи во минатото и им стои на патот до посакуваниот живот.

8. Зависни се

Кај незадоволниот партнер секогаш постои празнина. На овие луѓе речиси ништо не им го задржува вниманието, не се одговорни и не се грижат за утре. Нивниот партнер ќе се обиде да ја пополни таа празнина со љубов, но од него ќе се бара и ветување дека засекогаш ќе бидат заедно. Ова може да ја уништи врската бидејќи овие луѓе не можат да бидат добри и одговорни партнери.

Погледнете и што прават луѓето поради нивната несигурност.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар