8 совети за подобрување на помнењето

8 совети за подобрување на помнењето

Дали ви се чини дека често заборавате обврски, имиња или лица? Нашиот мозок е како библиотекар – ги чува и складира информациите од нашето опкружување. Неговата способност е во дел од секунда да најде некоја информација, телефонски број или дамнешно сеќавање. Но, ова не е секогаш возможно.

8 совети за подобрување на помнењето

Доколку сте забележале дека заборавате каде ви се клучевите, имате проблеми со одговорите на испитот или ги заборавате вашите обврски, морате да му помогнете на мозокот подобро да ги складира добиените информации. Следниве 8 совети ќе ви помогнат во тоа.

1. Читање

Читањето книги, весници или стручна литература го зголемува вашето разбирање. Во текот на читањето запишувајте и кратки белешки, така што ќе можете да се потсетите доколку сте заборавиле нешто што сте го прочитале претходно.

2. Слушајте звучни записи

Додека возите кон работа, пеглате или имате слободно време, можете да ги слушате омилените емисии на радио. Можете да им дадете шанса и на аудио книгите. Најинтересните и најважните информации запишете ги во телефонот или на парче хартија, па секогаш ќе можете да им се вратите.

3. Запишувајте

Ако сте ученик или студент, сами правете белешки од материјалот за тест. Запишувајте прашања, а потоа обидете се да ги одговорите. Прашањата можат да бидат од лекцијата или од она што знаете дека ќе се падне на испит. Ова ќе ви помогне побрзо и полесно да го совладате и сфатите материјалот, без да учите напамет.

4. Зборувајте на глас

Што и да читате, читајте на глас. Кога на некој ќе му напишете или раскажете што сте прочитале, ќе го подобрите помнењето.

5. Поделете ги информациите

Делете ги информациите на повеќе делови. На овој начин ќе ви биде полесно да ги запомните и полесно да ги комбинирате со други ново добиени информации. Со ова ќе ги помните само најважните делови, без да трошите време на широки описи.

6. Тестирајте се

Проверката не секогаш мора да биде писмен тест. Всушност, секојдневно се тестирате себеси со прашања, а не сте ни свесни за тоа. Па затоа запрашајте се каде ви се клучевите, дали ја исклучивте пеглата, кога имате преглед и слично.

7. Вежбајте

Кога се обидувате да запомните нешто важно што не смеете да го заборавите, обидете се да го запомните на неколку начини. Односно, кажете си го како наредба, молба, па дури и повишете го тонот.

8. Правилна исхрана

За подобро помнење потребна ви е концентрација. Истражувањата покажале дека помнењето е многу подобро кога се храните здраво. Немојте да ги прескокнувате оброците бидејќи тоа има влијание врз вашето ниво на енергија, а со тоа се намалува и вашата способност за помнење.

Погледнете и кои се причините за вашата лоша меморија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар