8 слатки додатоци за коса кои ќе послужат и во есен

8 слатки додатоци за коса кои ќе послужат и во есен

Летната сезона е одличен период во кој се носат боемски додатоци за коса. Дали станува збор за цветно венче, панделка или шарена марама и не е важно, но летото некако нѐ тера повеќе да се дотеруваме. Ова лето, постојат некои додатоци кои освен во топлите месеци изгледаат одлично дури и во есента. Следуваат 8-те летни додатоци и совети како да ги носите во постудените месеци кои доаѓаат.

1. Шнола за ниско опавче

Ниското опавче е еден од најелегантните, безвременски и лесни изгледи за постигнување. Фатете ја косата во шнола со елегантен метален финиш. Не само што ќе изгледате како да сте се потрудиле, туку во поладните месеци ќе постигнете минималистички изглед карактеристичен за есента.

1-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen

2. Обично венче

Без разлика дали ќе одберете тенка или широка верзија, ова венче е модерен начин како косата да ви остане во еден дел без да се залепи на лицето во летните горештини. Во есен, комбинацијата на пунџа и ваквото венче ќе постигне изглед како од 60-тите години кои ги разигрува едноставните есенски силуети.

4-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen6-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen (3)7-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen

3. Венчето кое изгледа како тијара

Популарниот тренд од 90-тите, изгледа одлично на бројните летни фестивали и e одличен моден додаток за студените денови кои допрва доаѓаат. За транзицијата на овој додаток да биде успешна спојте го со едноставни работи – обично сако и бојфренд фармерки.

8-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen9-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen

4. Омилениот брош

Некогаш и обичната шнола или брош е доволно за да се даде нова димензија на веќе постигнатиот изглед. Тие не се ограничени со сезона, така што можете да експериментирате со сѐ што имате во кутијата за накит.

10-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen 12-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen

5. Синџири во коса

Оваа сезона, многу блогерки и познати личности беа забележани со убави метални синџири кои се криеја во нивните коси. Не само што изгледа магично и женствено, туку додава и разноликост на монотоните комбинации. Конечно ќе ги употребите сите тие додатоци кои ви стојат по фиоките.

13-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen 15-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen "The Hunger Games" Los Angeles Premiere - Arrivals

6. Венче инспирирано од 70-тите

Дури и во фестивалската сезона венчињата се насекаде, но поради нивниот едноставен минимализам тие прават да се истакнете од останатите. Тенко и едноставно венче кое се носи околу челото е одличен начин да се простите од летото и да навлезете во есента. Изгледите инспирирани од 60-тите и 70-тите години кои се најдоа на пистите комбинирани со сјајна и права коса се прав моден погодок.

17-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen 16-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen 18-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen

7. Турбан

Ако сте спремни да ризикувате, ова е еден од најмодерните изгледи во лето. Спојте го со летно фустанче и сандали/балетанки за потоплите денови, а ако сакате да го носите и во есенските месеци (зошто да не, кога не морате да ја средувате косата) комбинирајте го со бојфренд фармерки, широк кроп топ и моторџиска јакна.

20-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen 21-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen

8. Скромна панделка

Панделката одамна е позната како најженствениот моден додаток за коса кој постои. Иако често е поврзуван само со младите девојки, ова лето тие беа забележани насекаде. Пробајте да ја ставите додаток на опавче или венче, а вметната во фатена коса за вечерен изглед изгледа неодоливо. За успешна транзиција во есента, кога облеката е посериозна и пософистицирана, вметнете мала панделка во ниско опавче. Така ќе додадете само малку женственост на строгите облици и машките кроеви кои се најзастапени во ладните месеци.

23-8-Slatki-dodatoci-za-kosa-koi-kje-posluzat-i-vo esen


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар