8 работи кои го успоруваат вашиот метаболизам, а никогаш не би ги претпоставиле

8 работи кои ви го успоруваат метаболизмот, а никогаш не би ги претпоставиле

На сите ви се добро познати класичните методи на забрзување на метаболизмот – многу вода и што повеќе активност. Но не е сѐ така едноставно. Постојат многу нешта кои влијаат на работата на вашето тело, па можно е не знаејќи го влијанието на некои, да мислите дека сепак правите сѐ како што треба, а да не е така.

(5)-8-raboti-koi-go-usporuvaat-vashiot-metabolizam-a-nikogash-ne-bi-gi-pretpostavile-kafepauza.mk

1. Сте намалиле или сте се откажале од конзумирање на млечни производи

Мускулната маса е најважна кога станува збор за правилно функционирање на метаболизмот. Млечните производи се богати со протеини како сурутка, кој ја поттикнува протеинската синтеза и помага во градење на мускулната маса и казеинот, кој го спречува разделувањето на протеините и игра улога во одржувањето на мускулната маса која веќе ја имате. Меѓу другото, научни истражувања покажале дека луѓето кои конзумираат млечни производи, побрзо и полесно ја зголемуваат мускулната маса отколку оние кои ги избегнуваат. Во принцип, препорачливо е да конзумирате минимум 3 порции јогурт, млеко или сирење дневно.

(1)-8-raboti-koi-go-usporuvaat-vashiot-metabolizam-a-nikogash-ne-bi-gi-pretpostavile-kafepauza.mk

2. Воопшто не внесувате јаглехидрати во организмот

Иако скоро секоја диета, кога сакате да ги намалите килограмите, препорачува да не внесувате јаглехидрати во организмот, тоа и не е баш најпаметно. Гликогенот кој се содржи во јаглехидратите му ја дава на организмот потребната енергија за да функционира. Доколку престанете да јадете какви било јаглехидрати, а притоа и вежбате, не само што нема да имате доволно енергија во телото, туку и ќе трошите сè помалку калории токму поради тоа. Затоа, препорачливо е да конзумирате барем една шака јаглехидрати со секој оброк, како што се ориз, компир или овес.

3. Ја затоплувате собата повеќе од потребно

Топењето маснотии не значи секогаш потреба од повисоки температури. Напротив, кафеавото масно ткиво се активира повеќе доколку се наоѓате во поладни простории каде ви е потребно затоплување на организмот. А колку е поактивно ова масно ткиво, толку повеќе калории трошите дневно. Ова не значи во ниту еден случај дека времето треба да го поминувате постојано на ладно, но доколку сакате да го забрзате метаболизмот можете да го намалите греењето и убавите зимски денови да ги искористите за подолги прошетки во парк.

(4)-8-raboti-koi-go-usporuvaat-vashiot-metabolizam-a-nikogash-ne-bi-gi-pretpostavile-kafepauza.mk

4. Го забрзувате темпото на вежбање

Вежбите за зајакнување на мускулната маса се супер начин да го активирате телото, да го забрзате метаболизмот и да бидете во форма. Но ако овие вежби ги правите побрзо одошто е потребно, тогаш нема да ги почувствувате вистинските придобивки кои одат во пакет со вежбите. Ексцентричните движења, наспроти концентричните, можат повеќе да им наштетат на вашите мускули, па согласно на телото ќе му биде потребен повеќе труд при заздравување и опоравување. Ова повлекува дека ќе потрошите повеќе калории при вакви движења, ќе ги намалите маснотиите, но и ќе ви биде потребно повеќе време за одмор и опоравување.

5. Грицкате погрешни грицки

Наместо типичните диетални грицки кои ги купувате, обидете се со оревите. Една мала шака ореви дневно може многу да ви помогне во согорувањето калории. Оревите содржат полинезаситени масни киселини кои ја зголемуваат активноста на одредени гени кои играат улога во контрола на согорувањето на маснотиите во организмот. Од друга страна, препорачливо е да ги избегнувате оризовите грицки, соленките и преголемото количество на сушено овошје.

(2)-8-raboti-koi-go-usporuvaat-vashiot-metabolizam-a-nikogash-ne-bi-gi-pretpostavile-kafepauza.mk

6. Не е важно колку време вежбате, туку со кој интензитет

Како што добро знаете, не ретко се случува да вежбате подолго време, но скоро и да не се испотите, а може да се случи да вежбате 20 минути, а да потрошите многу повеќе енергија. Тоа е затоа што интензитетот со кој сте вежбале тие 20 минути е многу поголем. Истражувањата покажале дека вежбите со висок интензитет предизвикуваат согорување на многу повеќе калории отколку класичните подолготрајни вежби, па не е чудо што повеќе се препорачуваат првите. Меѓу другото, вежбањето со поголем интензитет резултира во поголема потрошувачка на кислород што се должи на фактот дека телото сѐ уште согорува калории по завршувањето со физичката активност.

7. Користите само морска сол

Иако храната е повкусна со морска сол, сепак таа многу не му врши работа на метаболизмот. Имено, морската сол не содржи јод кој е основен во работата на тироидната жлезда, која пак го контролира вашиот метаболизам. Без потребното количество на јод, тироидната жлезда нема да лачи хормони кои управуваат со правилната работа на метаболизмот, па неговата активност може значително да опадне. Затоа, пожелно е да користите кујнска сол при зачинување, но во намалени количини, на пример доволна ви е ¼ кафена лажица за да го обезбедите потребното ниво на јод за тироидната жлезда да лачи тироидни хормони. Исто така, можете редовно да конзумирате морски плодови или јајца.

(3)-8-raboti-koi-go-usporuvaat-vashiot-metabolizam-a-nikogash-ne-bi-gi-pretpostavile-kafepauza.mk

8. Вежбате во погрешно време

Луѓето кои вежбаат, џогираат или шетаат наутро и токму во тој период се најмногу изложени на сончева енергија имаат најнизок коефициент на телесна маса (BMI) споредено со оние кои го прават тоа подоцна. Вежбањето преку ден е многу важно за вашето здравје, а најмногу се препорачува тоа да го правите наутро бидејќи сончевата светлина помага во регулирање на деноноќниот ритам кој, пак, управува со бројни телесни функции, како спиењето, исхраната, трошењето енергија и слично. Сите овие функции се многу важни за правилната активност на метаболизмот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар