8 причини зошто некој ќе се заљуби токму во вас

8 причини зошто некој ќе се заљуби токму во вас

Понекогаш е тешко да се опише зошто некој ни се допаѓа и зошто се заљубуваме во него. Направени се многу истражувања на оваа тема, но има некои работи што може да се издвојат како главни причини зошто некој може да се заљуби во вас.

8 причини зошто некој ќе се заљуби токму во вас

1. Многумина имаат тенденција да се заљубат во луѓе кои се слични на нив – ако имаат исти вредности, исти животни искуства, приближна возраст.

2. Луѓето знаат да се заљубат во партнер кој наликува на еден од нивните родители, на оној од спротивниот пол. На пример, жената може да ја привлече маж кој ја потсетува на нејзиниот татко. Ова може да се однесува на физичките карактеристики, како што се бојата на очите или косата, но и на карактерот. Децата на млади родители имаат поголема веројатност да бараат помлади партнери.

3. И мирисот игра многу голема улога во привлечноста. На пример, жените за време на овулацијата претпочитаат мажи кои имаат повеќе тестостерон. Или, мажите може несвесно да ги привлече мирисот што го испушта жената за време на плодните денови.

4. Отворениот став кон другите луѓе е, исто така, една од причините за заљубување. Тоа изгледа привлечно.

5. Висината игра важна улога во привлечноста, особено кога станува збор за мажите. Многу жени едноставно сакаат високи и силни мажи бидејќи се чувствуваат побезбедно и позаштитено кога се со нив.

6. Споделувањето возбудливи и донекаде застрашувачки искуства, исто така, може да биде многу привлечно.

7. Луѓето кои живеат блиску имаат поголема веројатност да се заљубат еден во друг. Така, тие имаат можност да го запознаат потенцијалниот партнер во секојдневни ситуации, како и често да наидуваат на него.

8. Насмевката на вашето лице е многу привлечна, а истражувањата докажаа дека позитивните и весели луѓе им се многу попривлечни на другите.

Прочитајте кои 8 знаци откриваат дека веќе не сте вљубени во партнерот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар