8 очигледни знаци дека сте на работ на нервен слом!

Не дозволувајте животот да ве скрши, побарајте помош навреме…

8 очигледни знаци дека сте на работ на нервен слом!

Факт е дека нервниот слом не се случува одеднаш. Стресот и анксиозноста постепено се акумулираат со текот на времето, сѐ додека не дојде до некаков тригер, и тогаш сѐ се распаѓа. Нервниот слом не е медицинска дијагноза, но може да доведе до две состојби: мали кризи и големи проблеми, како што се депресијата и анксиозноста.

Ова се знаците кои му претходат на нервниот слом. Ако ги чувствувате мора да се смирите и да побарате помош!

1. Постојано мечтаете за нешто

Секој од нас има внатрешни механизми за толерирање на стресот кои ни помагаат да издржиме во ситуациите кога сме повредени и во периодите на депресија и анксиозност. Нашите фантазии се дел од тој механизам. Еден дел од нашиот мозок добива сигнал дека ситуацијата е опасна за нас и затоа ни помага да избегаме во светот на фантазиите.

2. Немате време за одмор

Анксиозноста се внесува во нас како вода во чаша. Ако не ја исфрлите понекогаш, таа ќе прелие. Поради оваа причина, треба да најдете време да се одморите и да се опуштите. Потребно е да одвојувате само по 20 минути на ден за да пешачите или да практикувате длабоко дишење. Вашиот мозок ќе го препознае одморот и тоа позитивно ќе влијае на вашето тело.

3. Не можете да донесувате одлуки

Не можете да донесете дури ни најмала можна одлука? Време е да се загрижите! Ова е знак дека се сомневате во себе и во вашите способности. Ако го почувствувате ова, време е да бидете грижливи кон себе. Доверете им се на вашите најблиските. Ќе бидете изненадени колку луѓето се подготвени да ви помогнат ако побарате помош.

8 очигледни знаци дека сте на работ на нервен слом!

4. Оддалечени сте од луѓето

Кога сме уморни и депресивни, природно ни доаѓа да се повлечеме во себе. Меѓутоа, ако на сите работи гледате црно, тоа е знак дека треба да се опкружите со попозитивни луѓе.

5. Не можете да спиете

Ова е очигледна реакција на луѓето кои се под стрес. Телото се обидува да ги реши проблемите ноќе и поради тоа не може да се смири и да заспие. Проблемите не ви даваат мир. Решението е во практикувањето едноставни вежби, пешачењето или нешто друго што ќе го измори вашето тело. Сонот подоцна природно ќе ви дојде.

6. Имате панични напади

Ако анксиозноста не се лекува доаѓа до панични напади. Кога човек еднаш ќе се соочи со напад на паника, тој добива огромен страв од други панични напади. Поентата е во слични ситуации да дишете длабоко, обидувајќи се да го стабилизирате пулсот.

7. Навлечени сте на алкохол и слатки

Стресот многу луѓе го „лечат“ со алкохол или слатки, кои привремено даваат олеснување, но имаат многу штетни последици.

8. Вашата самодоверба е нула

Депресијата нè тера да се гледаме во негативно светло. Ако се чувствувате помалку вредни, како некомпетентна личност, достојна за презир, време е да ги замолите луѓето блиску до вас да ви кажат како тие ве доживуваат. Се надеваме дека нивното охрабрување ќе има позитивен ефект врз вас.

Не заборавајте: кризните ситуации нè тераат да го решиме проблемот. Ако почувствувате некој од овие симптоми, време е да направите нешто за себе. Побарајте помош на време!

Автор: Антонина Велјановска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар