8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска криза

8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска криза

Голем број успешни стратегии за штедење пари, се базираат на тоа да одбиете да купите нешто што не ви е неопходно, со цел да направите друга добра инвестиција на пари, за нешто поважно или да си остварите некоја зададена цел во иднина. Како и да е, постојат нешта на кои не треба да штедите пари, бидејќи вашето здравје зависи од нивниот квалитет. Погледнете ја оваа листа од 8 важни нешта во коишто секогаш треба да инвестирате, дури и ако се обидувате да заштедите пари во моментов.

1. Чевли

8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска криза

Подобро е да имате еден пар скапи и квалитетни чевли, отколку два пари евтини чевли, направени од евтини материјали, кои ќе ви ги уништат стапалата после недела-две откако сте ги купиле.

Имајте на ум дека стапалата постојано се под притисок, кога носите неудобни или тесни чевли, а самото тоа доведува до замор, лоша циркулација, проблеми со зглобовите и вените, како и неправилно држење на телото. Парите коишто ќе ги потрошите на третмани, ќе ве чинат многу повеќе отколку цената на еден квалитетен пар чевли. Настрана здравјето, квалитетните чевли, ќе ви помогнат да оставите одличен прв впечаток и ќе направат да се чувствувате посамоуверено.

2. Долна облека

8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска криза

Колку поблиску е парчето облека до телото, толку поскапо треба да биде. Токму затоа, никогаш не треба да купувате евтина долна облека. Секогаш купувајте долна облека направена од квалитетни и природни материјали, бидејќи таа директно влијае врз квалитетот на вашиот сон. Неквалитетната долна облека, може да ви ја иритира кожата, да предизвика црвенила и да доведе до чешање.

Исто така, долната облека којашто е лошо изработена, не само што е неудобна, туку може да биде и штетна по вашето здравје. Градникот со лош квалитет, го отежнува дишењето, ги притиска вените и ја попречува циркулацијата на крвта. Воедно, лошата циркулација е опасна, бидејќи може да го прекине создавањето млеко кај доилките, а дури и да предизвика проблеми со градите.

3. Фармерки

8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска криза

Друга важна инвестиција, којашто треба да ја додадеме на оваа листа, се квалитетниот пар фармерки. Добриот пар фармерки направени од џинс, се секојдневно парче облека, кое пред сè, треба да ви е удобно. Тие треба добро да ви стојат, да немаат вишок детали и да не ја изгубат формата после неколку перења, нити да се искинат неколку месеци после купувањето.

Исто така, треба да бидат изработени од лесен и квалитетен материјал, којшто не предизвикува алергиски реакции. Затоа во иднина, планирајте да купите барем еден квалитетен пар фармерки, со класична сина боја, коишто ќе изгледаат добро во наредните неколку години.

4. Заби

8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска криза

И покрај тоа што цените на разните третмани на заби, можат да бидат навистина високи, сепак никогаш не треба да ги одложувате. Здравите и убави заби се една од најбитните работи, кои ќе ви овозможат висока самодоверба. Затоа, треба да посетувате заболекар, барем 2 пати годишно.

Имајте на ум, дека високата цена на некоја забна услуга, укажува на тоа дека специјалистите се многу квалификувани и дека опремата којашто ја користат, е квалитетна. Ризично е да се лекувате кај забар, кој има лоша репутација, малку пациенти и неразумно ниски цени. Најдобриот начин да заштедите пари на забни услуги, е да одите на редовни прегледи и да ги откриете потенцијалните проблеми, пред да станат многу сериозни.

5. Чоколадо

8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска криза

Темното чоколадо е многу добро за вашето здравје, но само доколку има добар квалитет. Неколку парчиња квалитетно и скапо чоколадо, ќе ви причини многу поголемо задоволство, отколку евтино чоколадо, коешто содржи опасни масти. Истото се однесува и на десертите приготвени во домашни услови – употребувајте квалитетно какао и чоколадо, за да постигнете најдобри резултати.

6. Уреди

8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска криза

Секако, кога купувате електронски уреди треба да ја земете предвид и цената. Тоа не значи дека треба да го купите последниот модел на мобилен телефон, но купувањето премногу евтин модел, исто така не е добра идеја. Кај евтините уреди, не постои гаранција дека ќе работат добро на долг рок. Исто така, треба да обрнете внимание на репутацијата на фирмата.

Воедно, заборавете на евтините електрични бокали и старите фрижидери, бидејќи тие можат да бидат многу опасни. Електричните уреди, треба да работат добро и долготрајно. Затоа, секогаш е подобра опција да инвестирате повеќе пари, во нешто коешто има висок квалитет.

7. Алкохол

8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска криза

Сите знаеме дека пиењето алкохол е лошо за нашето здравје, но една чаша црвено вино, всушност може да биде добро за вас. Затоа, никогаш немојте да штедите на квалитетно вино. Подобра опција е да купите квалитетно шише вино, отколку евтино, коешто може да предизвика сериозно труење од алкохол, главоболки и други здравствени проблеми.

8. Безбедност

8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска криза

Многумина сметаат дека безбедноста на автомобилот, станот или животното осигурување се многу скапа инвестиција. Токму поради тоа, повеќето луѓе одбиваат да купат осигурување, бидејќи не сакаат да даваат пари, за хипотетичка шанса дека нешто лошо ќе се случи. Но, погледнато од рационален аспект, подобро е да мислите на иднината однапред, пред да се случи нешто. Истото се однесува и на квалитетна брава за врата, аларм против крадци и аларм против пожар.

Кои важни работи вие би ги додале на оваа листа? Споделете со нас, во секцијата за коментари подолу.

Може да ве интересираат и овие 10 начини да заштедите пари, како што тоа го правеле вашите баби и дедовци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар