10 начини да заштедите пари, како што тоа го правеле вашите баби и дедовци

Постарите луѓе се неисцрпен извор на мудрост и совети. Тие со своите години имаат доживеано најразлични искуства, живееле во различни времиња, при што од нив можеме да научиме многу животни лекции. Покрај другото, бидејќи тие живееле скромен живот, од постарите луѓе може да се научат и неколку трикови за штедење кога станува збор за користење намирници. Погледнете ги овие 10 корисни совети кои ќе ви бидат од голема помош.

10 начини да заштедите пари за купување намирници, како што тоа го правеле вашите баби и дедовци

1. Купувајте од земјоделци

Наместо да купувате од супермаркети, купувајте од земјоделци кои продаваат на пазар и кои веќе ги знаете дека произведуваат свежи и здрави производи. Ова ќе ве чини помалку отколку купувањето од супермаркет, а и ќе бидете сигурни дека она што го внесувате во вашиот организам не е полно со пестициди.

2. Поделете го месото на повеќе оброци

Недостигот на месото ги натерал нашите баби и дедовци да го поделуваат тоа што го имаат за да им трае за повеќе оброци. Наместо целиот фокус да ви биде ставен на месото, користете го истото само како дополнителен додаток на јадењето.

3. Не јадете некаде надвор

Вашите баби и дедовци не би можеле да го прехранат своето семејство доколку постојано јаделе некаде надвор. Секако дека ќе постојат и одредени исклучоци, но, практикувајте поголем дел од времето да јадете во својот дом, со што ќе заштедите значителен износ на пари.

4. Подготвувајте храна со користење основни состојки

Тоа е многу поевтино и подобро отколку да купувате веќе подготвена или пакувана храна. Изберете нешто што му се допаѓа на вашето семејство, а потоа експериментирајте со храната.

5. Направете си свое мени

Доколку не направите распоред на јадења кои треба да ги приготвувате, понекогаш ќе ви се случи да купите состојки кои не ви се потребни, но и да заборавите да ги купите оние кои ви се потребни. Затоа, најдобро е да си направите некое мени за во наредните неколку дена или пак за цела недела, па врз основа на тоа да ја составите и листата за купување.

10 начини да заштедите пари за купување намирници, како што тоа го правеле вашите баби и дедовци

6. Пронајдете ја продавницата која ви одговара

Сигурно вашата баба имала омилена продавница од каде што ги купувала намирниците. Денес, кога веќе имате поголем избор, треба да ја пронајдете продавницата или супермаркетот кој најмногу ви одговара според цените. Така, нема да морате постојано да вртите низ градот, туку ќе знаете сѐ и полесно ќе се снаоѓате.

7. Користете повеќе грав, грашок или леќа

Тие се евтини и содржат хранливи влакна, Б витамини и протеини. Постојат многу рецепти во кои можете да ги употребите, а исто така можете да ги приготвувате и на најразлични начини.

8. Не купувајте производи кои се веќе исечени на парчиња

Подобро е да го прескокнете купувањето исечени и исчистени парчиња овошје или зеленчук, затоа што тие чинат многу повеќе, а не е тешко да ја исчистите боранијата сами дома, или пак да го излупите ананасот.

9. Научете да одгледувате сами

Вашите баби и дедовци имале градина каде што самите одгледувале производи. Доколку и вие имате место, најдобра идеја е да почнете да садите некои производи, како што се домати, краставици, грав, компири и слично, кои не бараат многу работа, а сепак ќе ви гарантираат заштеда на вашите пари, истовремено внесувајќи здрава и органска храна.

10. Користете ги остатоците и краевите

Наместо да ги фрлате остатоците и краевите од одреден вид храна, пронајдете начин како истите да ги искористите. На пример, наместо да го фрлате зеленчукот кој повеќе не е свеж, можете да го искористите така што ќе го додадете во омлет или пак ќе ви послужи како додаток во некое друго јадење.

10 начини да заштедите пари за купување намирници, како што тоа го правеле вашите баби и дедовци


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар