8 навики на жените што не ја тргаат насмевката од лицето

8 навики на жените што не ја тргаат насмевката од лицето

Сигурно во вашето опкружување имате барем една жена (или вие сте токму таа) која и покрај животните проблеми, е секогаш насмеана и шири убава енергија. Сите ние мораме да го усвоиме позитивниот начин на размислување, бидејќи тоа не е нешто со кое се раѓаме, па токму затоа ви откриваме 8 тајни на жените кои секогаш се ведри и кои не ја тргаат насмевката од лицето.

1. Не се занимаваат со неважни работи, не реагираат на секој приговор или замерка, бидејќи добро проценуваат што од тоа е конструктивно, а што е резултат од нечија нервоза.

2. Во животниот и работниот простор внесуваат позитивност. Со ситници како што се букет цвеќе на бирото, колаж со фотографии од саканите личности и разни други начини со кои ја украсуваат својата канцеларија и животна околина.

3. Имаат домашни миленици. Науката одамна докажа дека луѓето со домашни миленици се генерално посреќно од оние кои ги немаат. Милениците го подобруваат расположението и смируваат.

4. Медитираат. Истражувањето покажува дека после еднонеделна редовна медитација се забележува разлика во реагирањето на стресот.

2-8-naviki-na-zhenite-koi-ne-ja-trgaat-nasmevkata-od-liceto-www.kafepauza.mk_

5. Се ставаат себеси на прво место. Среќните жени си се приоритет и не се плашат да го признаат тоа. Водат сметка за своите потреби.

6. Знаат да се налутат со причина и никогаш не дозволуваат бесот да ги надвладее. Кога имаат причина за лутење, тогаш без проблем ја изразуваат.

7. Секојдневно вежбаат, без разлика на тоа колку работа и обврски имаат. Не го прават тоа заради изгледот, туку заради здравјето. После вежбањето се чувствуваат смирено и задоволно.

8. Благодарни се на секој нов ден, на секој убав момент поминат со своите сакани, на секоја насмевка која ќе ја добијат од другите. Благодарни се дури и на животните проблеми, бидејќи тие ги прават посилни.

Доколку сакате да станете посреќни, тогаш погледнете кои мудри навики ги имаат среќните и здрави жени!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар