8 чекори за подобрување на вашата креативност и продуктивност

8 чекори за подобрување на вашата креативност и продуктивност

Зошто сите ние имаме тенденција да сакаме да бидеме поуспешни во оние нешта за кои сме навистина страсни? Зошто времето изгледа како да забавува кога ни е здодевно, додека пак почнува да лета кога уживаме? Зошто е толку лесно да се изгубиме себеси во задачите кои ни се допаѓаат? Според позитивната психологија, доколку го правите она за кое сте навистина заинтересирани, тогаш големи се шансите дека ќе го покренете креативниот процес во себе, резултирајќи со зголемена продуктивност. Погледнете ги следниве 8 чекори кои можат да ви помогнат во оваа цел…

8-chekori-za-podobruvanje-na-vashata-kreativnost-i-produktivnost-www.kafepauza.mk

1. Направете нешто што ве интересира

Креативноста и продуктивноста се појавуваат кога сме исклучително мотивирани, возбудени и љубопитни за одредена задача. Токму затоа ако сакате да се подобрите на тоа поле, одбирајте ги оние задачи во кои ќе уживате и за кои веќе се чувствувате инспирирано. Ако станува збор за вашата работа или пак, ако немате избор за задачата, обидете се да ги идентификувате оние елементи од неа кои ќе ве возбудат и фокусирајте се на нив.

2. Поставете јасни цели

Бидете специфични кога започнувате со нова задача. Кон што целите? Се обидувате да завршите цртеж? Пишувате нова песна? Правите презентација? Или пак, сакате да усовршите јога поза? Доколку имате јасна крајна цел, вие ќе можете полесно да го одржувате фокусот и да се задржите на задачата. Трикот е да најдете совршен баланс, целта не треба да биде преголема, тоа ќе ве обземе ниту пак, премала, тогаш нема да имате доволно мотив да продолжите.

3. Најдете тивко и продуктивно време

Голем број луѓе откриваат дека мирната околина и тивките часови се најдобрите време и место за да ја поттикнете вашата продуктивност, најверојатно поради начинот на кој мозочните бранови се движат за време на напливот од креативност. Кога ќе започнете со работата, правете го тоа на мирно место каде што ќе имате доволно концентрација да откриете која постапка би била најпродуктивна за завршување на вашите задачи.

4. Избегнувајте ги прекинувањата и одвлекувањето на вниманието

Прекинувањата се непријателот на креативноста и продуктивноста. Секој пат кога вашето внимание ќе биде одвлечено, без разлика на начинот на кој тоа се случило, вие ќе излезете од оваа зона, а со тоа и брановите на вашиот мозок ќе се вратат во првобитната состојба. Кога ќе почнете со работа, исклучете го мобилниот и замолете ги луѓето во ваша близина да не ве вознемируваат. Исто така погрижете се и работната област да ви биде уредно средена.

5. Фокусирајте се што подолго можете

Откако ќе започнете со работата, одржувајте го вашиот фокус што подолго можете. Најпрво, особено ако сте на нова задача, ќе ви биде многу тешко да бидете сконцентрирани повеќе од 5 до 10 минути. Тоа е сосема во ред, но не престанувајте да вежбате. Колку повеќе го тренирате вашиот фокус, толку покреативни и попродуктивни ќе станете во иднина.

6. Не ги преценувајте вашите способности за дадената задача

Кога сте добро подготвени за бараната задача, вие ќе можете многу полесно да добиете наплив од креативност која води кон продуктивност, а со тоа и побрзо и подобро да ја завршите вашата работа. Никогаш не ги преценувајте вашите способности и според нив соодветно поставувајте ги целите од задачата која се бара од вас.

7. Но, нема да има штета ако малку ги развлечете вашите способности

За да го достигнете максималното ниво на креативност и продуктивност, понекогаш треба барем малку да излезете од вашата удобна зона. Малиот предизвик може да ви донесе огромни резултати, па токму затоа и не плашете се да ризикувате. Сè додека овие очекувања се базирани врз вашите вистински способности, нема потреба да се спречувате да бидете подобри одошто мислите дека сте.

8. Нагласувајте го процесот, а не исходот

За крај, не заборавајте дека креативноста и продуктивноста се процеси, а не исходи. Со други зборови, станува збор за животни алатки кои можат да бидат унапредени со вежбање, но ова не може да се случи преку ноќ. Едноставно не се откажувајте и со тек на време ќе успеете да постигнете сè што сте замислиле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар