7 знаци дека повеќе уживате да бидете сингл отколку во врска

7 знаци дека повеќе уживате да бидете сингл отколку во врска

Дали ви се случило да се прашувате што е толку привлечно во врските? Кога почетните пеперутки ќе престанат да летаат и ќе исчезне чувството дека не можат да ги оттргнат рацете еден од друг, без разлика колку ги привлекува партнерот, некои луѓе сфаќаат дека едноставно не се за врска. И тоа е сосема во ред.

7 знаци дека повеќе уживате да бидете сингл отколку во врска

Воопшто не е важно дали сте сингл, во брак или разведени, вие треба самите да одлучите како сакате да ја дефинирате својата врска со другите и најважно, со себе. Можеби едноставно не сте создадени за долготрајни односи и во тој случај не треба ни да се терате на тоа. Или пак, станува збор за фаза низ која треба да поминете, па едноставно препуштете се на овие чувства.

Ако се пронајдовте во овие описи, тогаш погледнете ги и следниве 7 знаци кои со сигурност ќе ви покажат дека можеби ви е подобро да сте сингл…

1. Избегнувате недоразбирања и караници

Иако е општопознато дека не постои љубовна врска без караници, некои луѓе едноставно не сакаат да се носат со недоразбирањата па затоа и се позадоволни кога се сами. Иако постои врежано размислување дека луѓето се посреќни во врска, има неколку истражувања што потврдуваат дека и сингл момците и девојки се подеднакво среќни како останатите.

2. Вие сте сингл во срцето

Психолозите велат дека кога некој е самец во срцето, тој така се доживува и во реалноста, но не во негативна смисла. Постојат луѓе кои се по природа сингл – тие повремено имаат романтични врски, но не се склони на долготрајни животни партнерства. Исто како што има луѓе што чувствуваат дека не треба да засноваат семејство, така некои чувствуваат и дека е подобро да се сингл.

3. Уживате во личните постигнувања

Ако уживате кога самите успешно си ги завршувате обврските и тоа на начин на кој сте си замислиле, тогаш без сомнение може да се каже дека сте самци во срцето. Истражувањата покажале дека кога одредена индивидуа има високо развиено чувство за самопостигнување, доживува еден вид слобода што ретко води кон негативни емоции.

4. Самостојни сте

Не само што се потпирате на својата сопствена сила и се соочувате со животните предизвици, туку истото обожавате да го правите. Кога една личност чувствува сила поради тоа што животот е во нејзините раце, самодовербата брзо ѝ расте. Според истражувањата, колку сте посамостојни, толку помалку негативни емоции ќе доживеете.

5. Не сакате да бидете врзани

Ако чувствувате дека вашата слобода била загрозена во секоја досегашна врска, тоа без сомнение значи дека можеби е подобро да бидете сингл. Некои луѓе едноставно сакаат да се движат сами низ животот, да уживаат во оваа слобода и не се плашат дека ќе изгубат нешто само затоа што не се дел од пар.

6. Се плашите дека ќе пропуштите нешто подобро

Некои луѓе се неодлучни при изборот на долготраен партнер затоа што постојано се прашуваат дали ќе најдат подобар од сегашниот. Истото важи и за одредени животни ситуации или бизнис можности. Што ако најдете нешто позабавно, повозбудливо, покорисно? Во секој случај, ако постојано сте во потрага по нешто подобро, очигледно не сакате да губите време на врска.

7. Не прифаќате ништо помалку од совршеното

Познато ви е дека совршенството не постои, но тоа не ве обесхрабрува да продолжите да трагате по него. Иако длабоко во себе знаете дека нема да го најдете идеалниот партнер во реалноста, сепак не се откажувате од потрагата. Затоа и полесно ви е да останете сами – така не мора да се справувате со несовршен партнер!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар