7 знаци дека на вашето тело му недостига нешто многу важно

Експертите велат дека преку исхраната треба да ги добиваме сите важни состојки за нормално функционирање на организмот, но теоријата е едно, а праксата друго, бидејќи честопати се храниме неурамнотежено, давајќи им предност на белите печива и слатките, а не на овошјето и зеленчукот. Но, организмот јасно и гласно ќе ви нагласи дека тоа не му се допаѓа. Ова се предупредувањата дека ви се потребни повеќе хранливи состојки.

1-7-znaci-koi-ukazhuvaat-deka-vi-nedostiga-neshto-vazhno-vo-vasheto-telo-www.kafepauza.mk_

1. Слаба коса и нокти

Можеби ви недостасува биотин, кој се наоѓа во житарките од цело зрно, јајцата, млечните производи, јаткастите плодови, односно во намирниците кои се богати со протеини, како што се лососот и пилешкото месо. На недостиг од биотин може да укажуваат и проблемите со кожата, како што се иритацијата, лупењето, воспаленијата.

2. Дигестивни тегоби

Ако ве мачи констипација или пак дијареја и мачнина, а сигурни сте дека не е во прашање расипана храна или стомачен вирус, тогаш можеби на вашето тело му е потребно повеќе ниацин, односно витамин Б3 кој е важен за детоксикација. Витаминот Б3 го има во месото, рибата, јајцата, јаткастите плодови, зелениот зеленчук и житарките од целосно зрно.

3. Бременост

Во текот на бременоста се препорачува земање повеќе фолна киселина (витамин Б9) отколку обично, затоа што таа е исклучително важна за правилниот развој на детето. Најдобри извори на фолна киселина се темнозелениот лиснат зеленчук, како што е спанаќот, зеленчукот од семејството на зелки, односно брокулата и кељот, но добар избор се и мешунките.

4. Модрици

Ако на кожата невообичаено лесно ви се создаваат модрици, тогаш можеби ви недостасува витамин Ц кој, освен што е познат заштитник на имунитетот, е и важен за цврстината и еластичноста на крвните жили. Најмногу го има во цитрусите и шумското овошје – шипка, киви, јагоди, папаја, ананас.

2-znaci-koi-ukazhuvaat-deka-vi-nedostiga-neshto-vazhno-vo-vasheto-telo-www.kafepauza.mk_

5. Крвави очи

Пукањето на жиличките во очите може да укажува на недостаток од витамин Б2 (рибофлавин) кој е неопходен за видот, растот и создавањето на енергија. Најмногу е застапен во млечните производи, јајцата, месото, рибата, зелениот лиснат зеленчук, целите житарки и јаткастите плодови.

6. Трнење и вкочанетост

Ова е знак дека можеби ви недостасува калциум кој е важен за работата на мускулниот и нервниот систем, крвниот притисок, но и за цврстината на коските и забите. Најдобри извори на калциум се млечните производи, зелениот лиснат зеленчук, јаткастите плодови, портокалите, овесот и сардините.

7. Грчеви во нозете

Ова е еден од типичните симптоми за недостаток на магнезиум кој има дури околу 300 функции во организмот, вклучувајќи го и тоа да обезбеди нормална работа на мускулите. Магнезиумот го има во зелениот лиснат зеленчук, јаткастите плодови, мешунките, целите житарки и рибата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар