7 знаци дека давате премногу од себе

Во денешно време, секојдневно сме сведоци на голем број неправди и манипулации. За среќа, постојат поединци кои се љубезни и сочувствителни и сакаат да им помагаат на луѓето околу нив. Тие даваат толку многу што честопати се ставаат себеси на последно место. Тие не сакаат да ги импресионираат другите и да привлечат внимание. Тие се скромни, работат во туѓа сенка и не добиваат заслуга за својот труд. Овие поединци се претерано добродушни, но забораваат дека треба да се грижат и за себе. На тој начин, си го ризикуваат своето ментални, физичко и емоционално здравје. Дали и вие сте дел од нив? Прочитајте ги следниве 7 знаци и дознајте дали давате премногу од себе…

7 знаци дека давате премногу од себе

1. Луѓето секогаш ви ги доверуваат нивните проблеми и ви бараат совет

Сите знаат дека можат да ви се јават секогаш кога поминуваат низ тежок период. Без разлика колку е голем или мал проблемот, луѓето знаат дека можат да сметаат на вас во секое време. Тоа е знак дека никогаш не се ставате себеси на прво место. Време е да застанете и да размислите за приоритетите во вашиот живот.

2. Не знаете да кажете „Не“

Доколку постојано се согласувате да правите работи што не сакате да ги правите, тоа е знак дека не знаете да поставите граници. Важно е да го научите значењето на зборот „Не“. Денот има само 24 часа и мора да научите правилно да ги користите со тоа што ќе издвоите време за себе.

3. Луѓето во вашиот живот многу зависат од вас

Не ви пречи да бидете тука за луѓето кои ви значат, но ако забележите дека тие стануваат зависни од вас и не можат да функционираат без вашата помош, тоа е знак на предупредување дека ситуацијата отишла предалеку. Треба да бидете тука за луѓето и да им помагате, но еден ден тие мора да научат сами да застанат на нозе.

4. Имате непотребни драми во животот

Сите луѓе се соочуваат со некаква драма во животот, но доколку постојано мора да се справувате со драматични ситуации, тоа е знак дека луѓето околу вас ве користат како издувен вентил. Не дозволувајте да се случува тоа. Си имате вие и свои проблеми.

7 знаци дека давате премногу од себе

5. Луѓето ве бараат само кога нешто им треба

За жал, доколку давате премногу од себе, постојат луѓе кои ќе го забележат тоа и ќе се обидат да го искористат вашето големо срце. Ако забележите дека луѓето во вашиот живот ве бараат само кога им треба нешто, време е да ги преиспитате вашите врски и пријателства.

6. Немате време за себе

Кога планирате да останете дома и да одморите, дали се опуштате и уживате во одморот или постојано завршувате некои задачи? Ако се обидувате да бидете продуктивни дури и за време на одморот, порано или подоцна ќе се истоштите. Запомнете дека ви треба време за да си ги наполните батериите.

7. Чувствувате дека туѓиот товар ви ја ускратува среќата

Доколку постојано давате, но ништо не земате од животот, нема да можете да почувствувате вистинска радост. Сите заслужуваат да бидат среќни, но мора сами да ја побарате сопствената среќа. Правете ги работите што ви причинуваат задоволство и редовно издвојувајте време за нив.

Прочитајте и за овие 5 позитивни човечки особини што општеството ги смета за слабости.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар