7-те најчести проблеми во врските и како да се справите со нив

Во која било врска, почетните еуфорија и привлечност избледуваат со текот на времето. Ако минувате доволно време со некого, постепено ќе почнете да сфаќате дека не се согласувате во сè, ниту пак дека имате исти приоритети и избори.

7-те најчести проблеми во врските и како да се справите со нив

Токму во овој момент ќе се соочите со реалноста и ќе можете да одлучите дали навистина ја сакате таа личност. За вистинската љубов се потребни труд и волја да ја покажете дури и кога не се чувствувате постојано така.

Успешните парови го знаат фактот дека за врската е потребна напорна работа, и настојуваат да го прават токму тоа. Сите парови минуваат низ некои чести проблеми, а кога ќе научите како да се справите со нив на здрав начин, ќе уживате во среќна и долга врска што ќе ве исполнува.

Погледнете кои се најчестите проблеми со кои се соочуваат паровите, и некои едноставни решенија за нив.

1. Недостаток од отвореност и искрена комуникација

Отвореноста и искрената комуникација се столбот на секоја здрава врска. Понекогаш претпоставувате дека вашиот партнер ќе ги разбере вашите потреби и желби без да ги кажете. Но, вашиот партнер не може да чита мисли.

Решение: Потребно е да комуницирате искрено и отворено со партнерот без да бидете агресивни. Кога ќе развиете пријателство со вашиот партнер, ќе можете да зборувате слободно, автентично и без какви било маски.

2. Постојано критикување и напаѓање

Сите сме луѓе и не сме совршени. Имаме недостатоци и понекогаш правиме грешки. Важно е да ги прифатите и да му просите на партнерот за неговите недостатоци или грешки. Понекогаш претерано бараме совршеност, па постојано бараме ситни недостатоци кај другите и ги критикуваме. Додека конструктивното критикување е добро за созревање, постојаното напаѓање на партнерот ќе ве раздели.

Решение: Кога ќе ја промените вашата перспектива и ќе се фокусирате на сите убави нешта што ги прави вашиот партнер, ќе почнете да го цените поради личноста којашто е и ќе му помогнете да созрее заедно со вашата врска.

3. Завршување обврски

Во повеќето врски, завршувањето обврски може да води до многу несогласувања, особено кога речиси сите сме премногу зафатени. Кога едниот партнер ја презема целата одговорност, а другиот воопшто не се вклучува, партнерот кој работи сè, кога-тогаш ќе се измори и ќе почне да ја саботира врската.

Решение: Можете да создадете календар за соработка со кој еднакво ќе ги поделите обврските.

4. Рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот

Рамнотежата помеѓу личниот и професионалниот живот е од особена важност, но понекогаш сте премногу зафатени и ги запоставувате вашите врски. Кога-тогаш ќе се оддалечите од вашиот партнер бидејќи немате да имате доволно време за него.

Решение: Важно е да поминувате квалитетно време со партнерот. Не е важно колку, туку како го поминувате заедничкото време. Дури и ако сте заедно само половина час, ако го слушате внимателно и му го посветите целото внимание, ќе се чувствувате многу подобро отколку да поминете часови заедно без да си обрнувате внимание.

5. Родителство

Многу често паровите не се согласуваат за нивните одлуки како родители. Едниот партнер сака деца, другиот не. Или пак можеби и двајцата сакаат, но во различно време.

Решение: Важно е отворено да разговарате со партнерот за вашите избори во врска со родителството. Кажете ги вашите причини за донесената одлука за подобро да се разберете.

6. Верност

И од верноста можат да настанат многу проблеми во врската. Секој има различна дефиниција за верноста и за тоа како изгледа довербата во врската. Важно е да разговарате со партнерот на оваа тема за да знаете што навистина претставуваат врските за него.

Решение: Најдобриот начин да избегнете неверство е да имате отворена и искрена комуникација со партнерот. Често се смета дека луѓето не изневеруваат затоа што сакаат, туку затоа што се чувствуваат запоставено, игнорирано или неисполнето во врската. Обрнете внимание на партнерот, покажете му ги вашите чувства и внимание и разговарајте отворено за сите проблеми.

7. Пари

Парите се уште еден дел што може да предизвика несогласувања. Можно е двајцата партнери да имаат различно мислење за парите и да имаат различни навики на трошење. Исто така можно е значително да се разликуваат нивните животни стилови, а ова води до постојани караници за трошоците.

Решение: Престанете да се расправате и да се обвинувате еден со друг, бидејќи со ова само ќе ја зголемите напнатоста во врската. Наместо тоа, однесувајте се како зрели и одговорни возрасни и направете буџет за покривање на трошоците. Купувајте го само она за коешто заедно ќе се договорите и немојте да трошите на непотребни работи. Кога ќе се вратите на нозе ќе можете да се почестите со некој подарок или одмор, но немојте повторно да се задолжите за моментална среќа.

Погледнете и кои се најголемите проблеми во модерните љубовни врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар