5 едноставни прашања што ќе ви помогнат да ја дознаете интелигенцијата на соговорникот

5 едноставни прашања што ќе ви помогнат да ја дознаете интелигенцијата на соговорникот

Постојат прашања што ќе ви помогнат да „ѕирнете“ во нечиј ум и да откриете со каква личност се справувате. Овие прашања не само што ќе ви помогнат да ги разберете луѓето коишто веќе ги знаете, туку и оние кои ги среќавате за прв пат.

5 едноставни прашања што ќе ви помогнат да ја одредите чија било интелигенција

Кога ќе ги слушнете одговорите на овие прашања, ќе дознаете многу интересни нешта за вашиот соговорник. А ако вашите размислувања се совпаѓаат, којзнае, можеби ќе ја најдете и вашата сродна душа.

1. „Како обично го поминуваш времето?“

Ова прашање ќе ви помогне да ги откриете:

  • Навиките на личноста
  • Нејзиниот карактер (дали е мрзлива, оптимист и слично)
  • Нејзините приходи
  • Хобијата и интересите на личноста.

2. „Ако би имал/а милијарда евра, како би ги потрошил/а?“

Ова прашање ќе ви помогне да ги откриете:

  • Вредностите на личноста и нејзините приоритети
  • Што ѝ недостасува во животот
  • Нејзиното ниво на себичност
  • Нејзините амбиции
  • Нејзините морални принципи и интелектуалното ниво

3. Провокативно прашање

Едноставно започнете тема што може да предизвика дебата. На пример, можете да го прашате соговорникот за неговиот политички став, за вегетаријанството или за феминизмот. Добро би било да проверите како ги прифаќа мислењата спротивни на неговите. Ова ќе ви помогне да ги откриете:

  • Генералниот поглед кон светот на личноста
  • Колку е развиен нејзиниот интелект
  • Дали е склона кон агресија
  • Дали е личност што сака да зборува бесмислици и не може да донесува заклучоци од сопствените ставови
  • Колку е толерантна на мислењето на другите луѓе
  • Колку е општо толерантна
  • Дали е сигурна во своите аргументи
  • Дали е лесно да ја манипулирате оваа личност
  • Дали воопшто има нејзино мислење

4. Морална дилема

Следно, поставете прашање со кое треба да се реши некоја морална дилема. На пример, поставете го прашањето: Ако можеш да бидеш невидлив/а, дали би чувствувал/а обврска да ги следиш општо прифатените норми?“

  • Во овој случај ќе биде интересно да го слушате мислењето на личноста и да дознаете дали нејзините принципи се совпаѓаат со вашите.

5. Што би променил/а во светот?

Обрнете внимание на нештата што соговорникот сака да ги промени. Ова ќе ви помогне да дознаете со кои периоди најмногу се поистоветува – минатото, сегашноста или иднината. Исто така ќе ги откриете:

  • Нивото на себичност на личноста
  • Колку се глобални нејзините мисли и ум

Пробајте ги и овие психолошки трикови што ќе ви помогнат да ги привлечете сите луѓе околу вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар