7 растенија што имаат скриено значење

Собните растенија се украс во многу домови. Покрај тоа што изгледаат убаво и носат со себе здравствени придобивки, многу домашни растенија имаат и своја симболика. Можеби оваа симболика ќе биде причина да купите повеќе растенија. Погледнете ја листата на растенија за кои се вели дека се симбол на љубов, здравје, богатство, среќа и можете да ја земете предвид нивната симболика кога ќе ги купите како подарок.

1. Сансеверија – здравје

7 растенија што имаат скриено значење

Ова растение од триаголни исправени лисја го прочистува воздухот од бензен, формалдехид и трихлороетилен. Не бара многу внимание, добро ги поднесува и сонцето и сенката, а можете да го ставите во близина на радијаторот затоа што овој цвет не сака многу влага.

2. Бамбус – среќа

7 растенија што имаат скриено значење

Ова растение се нарекува и среќен бамбус. Сепак, кога станува збор за симболиката, бројот на стебла игра клучна улога. Две се за љубов, три за долг и среќен живот, пет за богатство, седум за здравје, осум за раст, девет за среќа, а десет за совршенство. Ако најдете бамбус со 21 стебло, не заборавајте да го купите затоа што се вели дека носи најмногу среќа и ќе му обезбеди благосостојба на сопственикот во сите области.

3. Алое вера – среќа

7 растенија што имаат скриено значење

Алое вера ги „јаде“ штетните соединенија од воздухот, вклучувајќи го и зрачењето од ТВ-екраните и од компјутерските монитори. Покрај тоа, може да се користи за лекување изгореници и за правење препарати за нега на кожа. Освен тоа, не бара многу грижа и внимание. Поради верувањето дека носи среќа, во Јужна Африка ова растение е обесено над влезната врата.

4. Лаванда – љубов

7 растенија што имаат скриено значење

Во еден универзитет во Јапонија е спроведено истражување кое покажало дека мирисот на лаванда дејствува релаксирачки на нашето тело. Ако ви треба дополнителна причина да набавите лаванда за вашиот дом, тука е и фактот дека тоа е симбол на посветеност и љубов.

5. Папрат – среќа

7 растенија што имаат скриено значење

Ова украсно домашно растение плени со својот егзотичен изглед и со тенките светлозелени лисја што паѓаат како водопади и создаваат атмосфера на вечна пролет во домот. Покрај тоа, тој го прочистува воздухот, но исто така го подобрува расположението, бидејќи фактот што му помагаме на некое живо суштество да напредува создава чувство дека сме корисни.

6. Кинески долар – богатство

7 растенија што имаат скриено значење

Според античките верувања, Pilea peperomioides, зимзелено растение со потекло од Јужна Кина, може да донесе финансиска среќа, поради што едно од имињата му е кинески долар. Иако изгледа нежно, ова растение е многу отпорно и лесно за одгледување. За време на студените месеци, задолжително чувајте го во вашиот дом, а најмногу ќе успее на полуосветлено место. Добро е да биде на светлина, но не директно на сонце.

7. Рузмарин – сеќавање

7 растенија што имаат скриено значење

На рузмаринот му треба многу сонце, затоа чувајте го покрај прозорецот. Не наводнувајте го премногу затоа што веројатно ќе овене од премногу вода. Откако ќе ја совладате грижата за рузмаринот, во вашиот дом ќе имате растение со прекрасен мирис што можете да го користите и како зачин при готвење, а ако барате начин да му оддадете почит на некој што сте го изгубиле, рузмаринот е добар избор.

Прочитајте кои 10 домашни растенија имаат позитивно влијание врз здравјето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар