7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување

Речиси и да нема личност во светот, којашто не се нашла во ситуација да мора да го преболува партнерот, после раскинување на љубовната врска. Директорката на агенцијата за венчавки, Тамсен Фадал, не била исклучок од тоа. Таа поминала низ многу тежок развод, после кој морала да најде нова смисла во животот. Во нејзината книга: „Новото сингл: Пронаоѓање, подобрување и одново вљубување во самите себе“ (The New Single: Finding, Fixing, and Falling Back in Love with Yourself) таа зборува за сознанијата до коишто луѓето може да дојдат, во текот на овој тежок период од животот.

7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување

Во продолжение, погледнете ги идеите на Тамсен, за важните работи коишто луѓето ги откриваат, откако ќе раскинат со долгогодишниот партнер. Нејзините предлози, ќе ви помогнат да оформите цврста, долготрајна и хармонична врска во иднина. Воедно, таа ќе ви посочи и кои работи не треба да ги правите после раскинување.

1. Ништо страшно не се случува и ќе помине

На почетокот, ќе почнете да се самосожалувате, ќе страдате и ќе размислувате за времето коешто сте го поминале заедно со претходниот партнер и ќе ги споделувате емоциите со вашите пријатели. Многу често нема да можете да спиете навечер и ќе го изгубите апетитот. Но, во одреден момент, едноставно ќе сфатите дека морате да продолжите понатаму.

7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување

Тамсен смета дека првите 90 дена после раскинувањето, се најтешката фаза. Тие се период на „преживување“. Таа препорачува во овој период да не носите никакви избрзани одлуки, да се ослободите од нештата коишто ве повредуваат и да обрнете внимание на вашиот изглед и здравје.

2. Сфаќате дека многу малку нешта знаете за себеси

Во љубовните врски, луѓето многу често прават компромиси, поради што често забораваат кои навистина се и што сакаат од животот. Бидејќи не сте сакале да го разочарате вашиот партнер, сте го правеле она што тие го очекувале од вас за време на викендите, па дури и сте оделе на одмор, на дестинации коишто нив им се допаѓале.

7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување

Сега, време е да правите нешта коишто вие ги сакате. Можеби ќе сфатите дека не ви се допаѓа како е уреден вашиот стан, дека не сакате да готвите толку често или ќе дознаете дека не ви се оди толку често на планинарење, бидејќи вам повеќе ве привлекуваат песочните плажи.

3. Посветете повеќе време во мир и тишина

Се разбира, не секој може да си дозволи да отиде сам на патување на некоја далечна дестинација, како што тоа го прават многу ликови од филмовите. Меѓутоа, можете да пробате да јадете некоја нова интернационална кујна или да почнете да медитирате во удобноста на вашиот дом. Тамсен препорачува, да се „дисконектирате сами себе“. Тоа значи, дека треба секој ден да ги исклучувате сите електронски уреди, барем во времетраење од еден час и да инвестирате време во самотија и комплетна тишина. Тоа ќе ви овозможи да се фокусирате на длабоко дишење и запознавање на светот околу вас. На овој начин, ќе почнете длабински да откривате, што навистина вам ви е потребно.

7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување

4. Подобро е да сте сингл, отколку да се чувствувате сами во врската

Една од главните причини зошто луѓето остануваат во нездрави љубовни врски, е стравот од тоа да останат сами. Помислата да одите сами во кино, да вечерате во кафуле или да ги поминете викендите тотално сами, за некои луѓе звучи застрашувачки. Реалноста е, дека ние не се плашиме од помислата да бидеме физички сами, туку стравуваме од идејата да бидеме сами со нашите мисли и чувства.

7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување

Да се биде сингл, не е исто со тоа да се биде сам. Тоа не е болест, којашто треба да ја излекувате. Овој статус, е период во којшто ќе имате можност да откриете повеќе нешта за самите себе и да правите сè што отсекогаш сте посакувале.

5. За да ја пронајдете „вистинската личност“ за вас, морате првин да се ослободите од „погрешната личност“

Патот завршува, во оној момент кога ќе пристигнете на вашата дестинација. Истото правило, важи и за љубовните врски. Две личности се запознаваат, се учат меѓусебно на разни животни лекции и кога тие лекции ќе бидат научени, врската станува слаба. И покрај тоа што моментот кога ќе го сфатите тоа, е навистина тежок и тажен, тоа е цената којашто треба да ја платите, за да преминете во следната фаза на личен раст и развој.

7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување

Пред да започнете нова врска, прво дојдете до сознание дека сосема сте ја преболеле претходната врска. Доколку тоа не е вашиот случај, нов партнер нема да успее да го пронајде местото во вашиот живот.

6. Сега можете да правите многу нешта, коишто претходно не сте можеле

Можеби, пред сретнувањето на вашиот претходен партнер, сте имале некакви планови и соништа за вашиот живот, но во име на вложување во вашата љубов и заеднички интереси, сте ги промениле вашите приоритети. Сега, откако сте сингл, немате никакви ограничувања и можете да работите на остварување на вашите соништа.

7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување

7. Морате да бидете среќни со самите себе, за да можете да бидете со некој друг

Многу е важно да знаете кому можете да му верувате, но уште поважно е да си верувате на самите себе. Застанете пред огледало и кажете си на глас што ве загрижува и плаши и со тек на време, ќе се чувствувате подобро.

7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување

Запомнете дека не можете да запознаете нова личност, пред да сфатите што навистина сакате и што ви е потребно.

Кога луѓето имаат начин да се изразат самите себе, тие се чувствуваат многу посреќни. Истото се однесува и на вашиот надворешен изглед. Кога сте сингл, можете да облечете буквално што и да посакате, без да прашувате некој друг за мислење. Затоа, уживајте во овој драгоцен период од животот, за да експериментирате со вашиот изглед и стил.

7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување

Во секој случај, она што морате да го запомните, е дека нема ништо толку страшно во раскинувањата. Гледајте на тоа како можност да донесете заклучоци, да ги извлечете научените лекции, бидете ѝ благодарни на личноста за сите среќни денови коишто сте ги поминале заедно и продолжете понатаму.

Може да ве интересира да ги прочитате и 6-те брутални фази по раскинувањето.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар