6-те брутални фази по раскинувањето

Ако некогаш сте доживеале тешко раскинување, сигурно знаете дека тоа може да биде вистинска битка. Наредните неколку недели, па дури и месеци, животот може да ви биде навистина тежок. Но, секогаш има светло на крајот од тунелот. Повеќето од луѓето што ги гледате ја почувствувале болката на раскинувањето барем еднаш. И покрај сè, тие преживеале и продолжиле со нивните животи. Ова се 6-те фази со кои ќе се соочите по болно раскинување.

6-те брутални фази по раскинувањето

1. Фаза „Црна дупка“

Ова е можеби најтешката фаза. Почнува веднаш по разделбата кога сè ви изгледа мрачно и очајно. Ова е фазата кога останувате дома, јадете нездрава храна и гледате серии. Има многу плачење и сигурно си замислувате дека ќе бидете сами целиот живот. Бившиот партнер е единственото нешто на коешто можете да мислите. Иако ви изгледа како болката да ќе трае засекогаш, нема. Дајте си време. Нормално е да бидете тажни.

2. Интервенција од страна на пријателите

Со тек на време, на вашите пријатели ќе им биде доста од вашата „црна дупка“ и ќе истапат напред. Како прво, не сакаат да ве гледаат тажни и повредени, а како второ отсекогаш мислеле дека поранешниот партнер баш и не е доволно добар за вас. Ќе ве натераат да станете од креветот, да се средите и да излезете. Во оваа фаза ќе сфатите дека навистина сте им благодарни на пријателите што ве натерале да излезете од дома.

3. Здодевност

Кога ќе се тргне темниот облак, конечно ќе сфатите дека ќе поминете низ ова. Раскинувањето нема да ве скрши. Можеби сè уште сте тажни, но веќе сте подготвени да продолжите со вашиот живот. Истовремено, почнува да ви стане здодевно. Сфаќате колку време сте посветувале на врската, а сега сте полни со слобода и можности.

4. Нова рутина

Бидејќи не може постојано да ви биде здодевно, ќе почнете со некоја нова рутина. Ќе најдете начин да го исполните целото слободно време. Наскоро ќе немате време ни да се опуштите. Сепак, и ова е некој напредок.

5. Повторно жалење

Бидејќи постојано сте зафатени, почнувате да се чувствувате подобро. Тоа што сте продуктивни ви е од корист. Во оваа фаза сте подготвени да му ги вратите работите на бившиот што останале кај вас. Почнувате со чистење на вашиот живот, но повторно почнува да ве интересира поранешниот партнер. Ќе почнете да го следите неговиот профил на социјалните мрежи и повторно ќе се чувствувате тажно. Исплачете се, но следниот пат немојте да си го отежнувате преболувањето.

6. Вистинско преболување

Со тек на време „нападите“ на плачење за бившиот ќе станат поретки и пократки. Ќе почнете навистина да го прифаќате фактот дека не сте заедно и ќе се отворите кон нови можности. Ова е знакот којшто го чекавте. Официјално се лекувате и сте посилни од кога било порано. Конечно стигнавте до светлото на крајот на тунелот.

Погледнете и кои се 5-те видови раскинување кои сите ги имаме искусено.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар