7 причини зошто возењето ролери е добро за физичкото и психичкото здравје

7 причини зошто возењето ролери е добро за физичкото и психичкото здравје

Возењето ролери и пролетта секогаш одат рака под рака. Освен што е фантастична рекреативна комбинација, тоа е и една многу делотворна и ефикасна вежба која ја подобрува функцијата и работата на целиот организам и придонесува при подобрувањето на физичкото, но и психичкото здравје. Возењето ролери е поефективно од спортовите како пливање, скијање и играње тенис и еднакво ефективно како трчањето. Во продолжение прочитајте ги 7-те причини зошто возењето ролери е толку добро за телото.

7 причини зошто возењето ролери е добро за физичкото и психичкото здравје

1. Помага во ослободувањето од вишокот килограми

30-минутното возење ролери со еднаков ритам може да стопи помеѓу 210 и 310 калории, додека со 30-минутно интервално возење ролери може да се стопат и до 450 калории. Колку побрзо возите толку повеќе калории ќе стопите. Уште подобра вест е тоа што за време на возењето, масното ткиво се претвора во мускули.

2. Го зацврстува задникот, нозете, но и рацете

Движењата кои се прават при возењето ролери се идеални за зајакнување на бедрата, квадрицепсите и подигнувањето на задникот. Но, возењето ролери е и одлична вежба за рацете бидејќи со нив ја одржувате рамнотежата и така ги користите и сите мускули на рацете. Комбинацијата на цврстите мускули и добрата координација ќе ви овозможат полесно избегнување на повредите и поголема еластичност кога ќе остарите.

3. Ја зајакнува издржливоста

Возењето ролери можете да го правите со часови без да се изморите. На почетокот, возете до два часа дневно за да стекнете доволно добра рамнотежа и да ги подобрите рефлексите, како и да се навикнете на чувството на леснотија и слобода кое доаѓа со возењето ролери. Доколку сакате дополнително да ја зајакнете својата издржливост тогаш возете на помало брдо. По некое време ќе забележите дека можете да возите подолго време без да се чувствувате исцрпени.

4. Ја подобрува координацијата и телесната рамнотежа

Возењето ролери ја зголемува флексибилноста на телото, а со тоа и неговата координација. Оваа физичка активност ви овозможува да го доведете телото до рамнотежа и да го пронајдете вашиот центар на гравитација. При тоа, мора да ја користите силата на абдоминалните мускули и мускулите на долниот дел од грбот.

5. Го зајакнува срцето и е одлична кардио вежба

30-минутното возење со еднаков ритам го зголемува бројот на срцеви отчукувања на 148 во минута. Возењето ролери е исто толку добро за срцето како и возењето велосипед, а здравствените придобивки можете дополнително да ги зголемите со возењето на угорници, енергичното возење или со промената на брзини, така што наизменично ќе возите навалени со предниот дел од телото кон напред и една минута исправени.

6. Ги разбиструва мислите и го подобрува расположението

Брзите повторливи движења ви помагаат да бидете подобро фокусирани и на вашиот мозок му го овозможуваат потребниот одмор од сите звуци кои постојано нѐ опкружуваат. Доколку возите во тивок парк, музиката може да ви помогне да фатите ритам, а доколку возите по соодветна патека тогаш немојте гласно да слушате музика бидејќи мора да внимавате на сообраќајот. Многу личности се сложуваат дека возењето ролери е една од најзабавните активности.

7. Не ги оптоварува зглобовите за разлика од трчањето

Флуидните движења во возењето ролери го спречуваат оштетувањето на зглобовите што може да се случи при активностите како танцување и трчање. Во споредба со нив, возењето ролери ги оптоварува зглобовите дури до 50% помалку, што значи дека половина час возење може да ги даде истите здравствени придобивки како и половина час трчање, но без ризик од оптоварување на зглобовите. Всушност, возењето ролери ја подобрува нивната раздвиженост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар