Минијатурни ѕвездени ѓердани кои во себе го кријат целиот универзум

„Сите оние мали бегства, јас ја имам честа да ги насликам. Знаете, оние места на кои сакате да одите, наместо да останете на оние каде што сте.“

Вака стои на официјалната страна на Кара Ледоне, на познатата Интернет продавница „Etsy“. Кара е американска дизајнерка и креаторка која работи и живее во Њујорк и ги изработува овие рустични, рачно насликани астрономски ѓердани кои во себе ги кријат сите космички тајни на универзумот и што е најважно, можат да се носат за секоја пригода.

Минијатурни ѕвездени ѓердани кои во себе го кријат целиот универзум

Таа ги оксидира ѓерданите за да направи да изгледаат постаро и постаромодно и потоа на сите поединечно им додава по една слика изработена со маслени бои. Ниеден ѓердан не е ист со претходниот и нејзините дизајни варираат од земјени до астрономски теми. Во секој случај, кога станува збор за изработката на овие уникатни ѓердани, нејзините креативност и оригиналност не знаат за граници.

Минијатурни ѕвездени ѓердани кои во себе го кријат целиот универзум

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар