7 причини зошто никогаш не треба да го ставате вашиот партнер на пиедестал

Љубовта е прекрасна и сите посакуваме да ни се случи онаа вистинската, која едноставно знаеме дека е совршена за нас. Но, таа исто така може да биде и слепа. Вашиот партнер во вашите очи е најсовршеното суштество во универзумот, но сепак имајте на ум дека и тој/таа е само човек. Погледнете ги следниве неколку причини зошто никогаш не треба да ги ставате вашите љубени на пиедестал.

7 причини зошто вашиот партнер да не го ставате на пиедестал

1. Вашиот партнер е човек, а не бог.

Без разлика колку мислите дека вашите партнери се прекрасни, сепак и тие со тек на време ќе направат грешка. Тие ќе паднат од пиедесталот на кој сте ги поставиле и кога ќе можат да се исправат на нозе, ќе сакаат да останат спуштени на земја, на вашето ниво.

2. Вашиот партнер нема да успее обидувајќи се да ја оствари вашата идеја за совршенство

Восхитот што го покажувате кон некого знае да ласка, но кога тој ќе премине во очекувања кои вашиот партнер чувствува дека треба да ги исполни, се претвора во притисок кој може да биде неиздржлив. Колку повеќе им кажувате дека се совршени, толку повеќе тие чувствуваат притисок да го докажат тоа. Никој не е совршен. Направете вашите партнери да се чувствуваат специјално, дека тие се сѐ што ви е потребно, но не притискајте ги постојано да докажуваат некаква совршеност.

3. Ненамерно ќе го сопрете нивниот развој

Прекрасно е да имате некој кој ве мотивира да станете подобри, но кога го ставате вашиот партнер на пиедестал, му испраќате порака дека e најдобар што може да биде. Понекогаш е полесно да се поправите и сами да го изградите патот до врвот, отколку да останете онаму каде што моментално се наоѓате.

4. Создавате слика за личност која вие сакате да ја видите во вашиот партнер

И тие ќе се обидат да ги исполнат очекувањата кои ги имате за нив. Она што не го разбирате е дека сликата што ја имате за нив, не секогаш одговара на реалноста и партнерот се обидува да стане она што не е. Тие ќе се обидуваат да бидат онакви какви што вие сакате да се, а не какви што навистина се. Тоа неизбежно води кон пропаст.

5. Можно е да предизвикате несигурност

Тешко е самите да се видиме онака како што другите нѐ гледаат, па ако го гледате вашиот партнер како совршенство, тој можеби ќе почне да размислува за своите недостатоци. Пиедесталот на кој го местите вашиот партнер е толку висок, што тој ќе почне да се прашува како воопшто успеал да стигнал таму.

6. Ќе им биде непријатно да ви ги покажат своите несовршености

Вие треба да ја сакате оваа личност поради нејзините или неговите квалитети и слабости, бидејќи секој човек ги има и двете. Кога партнерот ќе почувствува дека вие ги препознавате само неговите или нејзините квалитети, ќе се исплаши и никогаш нема да ви ги покаже мааните. Љубовта е прифаќање и вашиот партнер очекува да го прифатите онаков каков што навистина е.

7. Пиедесталот може да е причина за разделба

Совршениот партнер во одреден момент може да направи голема грешка и некогаш е толку исплашен дека ќе ве разочара што си заминува пред да се случи тоа. Никогаш нема да го видите нивното несовршенство бидејќи ќе избегаат пред да имате шанса за тоа и на тој начин ќе останат на пиедесталот и после нивното заминување.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар