Единственото нешто на кое вреди да се трошат пари

Велат дека среќата со пари не се купува. Освен ако парите не ги искористите за да го купите ова. Една нова студија спроведена од Универзитетот во Британска Колумбија, вели дека трошењето пари за повеќе слободно време може да ве направи среќни.

Единственото нешто на кое вреди да се трошат парите

Научниците им дале на испитаниците повеќе хипотетички избори, како на пример: „Дали повеќе би сакале да имате скап апартман кој се наоѓа блиску до работното место или евтин апартман во предградието кој бара редовно патување до работното место?“ или „Дали повеќе би сакале да имате добро платена работа со подолго работно време или работа која носи помала плата, но ви овозможува повеќе слободно време?“

Во продолжение, на една група испитаници им бил даден реален избор помеѓу 50 долари во кеш и ваучер за чистење на домот во вредност од 120 долари.

Истражувачите заклучиле дека луѓето кои биле подготвени да се откажат од парите по цена на: поголемо работно време – поблиско работно место, помалку работни часови и помалку обврски – биле посреќни. Зошто? Бидејќи слободното време овозможува да се прават повеќе забавни и рекреативни работи. Дури и кога некој би имал милиони и милиони долари, за што би му вределе, ако нема време да ужива во нивното трошење?

Сепак, многу од испитаниците го направиле спротивниот избор – приоритетни им биле парите пред времето. Повеќе би сакале да ги потрошат нивните викенди чистејќи го домот или поправајќи ги расипаните предмети, наместо да најмат чистач или мајстор. Го избрале индиректниот лет за да заштедат 100 долари, но на сметка на 6+ часа од нивниот живот потрошени во патување.

Се разбира, добро е и паметно да ги штедите парите и да не ги трошите на непотребни удобности. Но, вреди да се запомни дека она што навистина го прави еден човек среќен, кога станува збор за оваа тема, е кога тој човек ќе си го создаде и оформи сопствениот буџет. Парите треба да се трошат помалку на материјални добра, а повеќе на услуги кои го олеснуваат животот, бидејќи, со таа дополнителна сметка за чистачите на домот, можат да се купат и дополнителни 5 часа поминати со семејството и пријателите – а тоа е бесценето.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар