7 прашања што секоја жена сака да ги чуе од својот партнер

Секоја жена сака да знае дека мажот со кој е во врска е заинтересиран за нејзиниот живот, дека сака подобро да ја запознае и дека може да разговара со неа на сите теми. Имајќи го тоа на ум, жените издвоиле 7 прашања што најмногу сакаат да ги чујат од мажите. Станува збор за едноставни прашања, што можат да имаат неверојатни ефекти на самата врска.

1. „Кога би можела да бираш да живееш каде било на светот, каде би било тоа?“

Со ова прашање може да се започне многу интересен разговор. Опуштете ја фантазијата и отпатувајте ширум светот низ мислите. Возбудливо, а и романтично.

2. „Што сакаш од животот?“

Жената сака да знае дека мажот сериозно ја сфаќа нејзината работа и амбиција. Исто така, ова прашање може да отвори многу други теми и да заврши со разговори за тоа што и двајцата сакаат од животот.

3. „Каква си била како девојче?“

Ова прашање може да измами насмевка на лицето на многу жени, и скоро инстантно да ги врати во безгрижните денови на детството.

4. „Можам ли да ти помогнам?“

Единствената подобра работа од тоа мажот да ја праша жената дали може да ѝ помогне со кесите од маркет, е нежно да ги земе кесите од нејзината рака без воопшто да ја праша дали ѝ треба помош.

5. „Каде би сакала да отпатуваш?“

Со ова прашање мажот покажува дека има широки видици. Исто така, можеби ќе се открие дека и двајцата сакаат да отпатуваат на истото место па веднаш ќе можат да почнат да ја планираат својата нова, заедничка авантура.

6. „Кој е последниот концерт на кој си била?“

Жените се согласуваат дека ова прашање е многу подобро од стандардното „Каква музика слушаш?“ Прашањето за концертот е поспецифично и со тоа можете подобро да споделите во каква музика уживате.

7. „Како си?“

Толку едноставно, а често занемарено прашање.

Вистинска или минлива љубов? Одговорете и на овие 25 прашања што ја откриваат вистината за вашиот интимен живот!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар