7 неверојатно забавни работи кои можете да ги правите со момчето на плажа

7 неверојатно забавни работи кои можете да ги правите со момчето на плажа

Здодевните парови на плажа најчесто читаат книги и главно молчат, додека „кул“ паровите не престануваат со муабетење и кикотење. Дали вие и вашиот партнер на плажа сте мрзливи и сакате само да лежите или можеби се пронаоѓате во вторите, оние кои знаат да внесат свежина и многу смеа во одморот? Еве неколку идеи како подобро и побрзо да ви мине времето на плажа.

1. Коментирајте ги луѓето кои минуваат

(1) 7 неверојатно забавни работи кои можете да ги правите со момчето на плажа

„Момчето и девојката што сега влегоа во вода носат исти папучи и шапки? Какви позери!“ Многу е интересно кога со партнерот/партнерката ќе си се сместите удобно на лежалка или на песок и ќе ги гледате луѓето околу вас. Плажите се полни со секакви луѓе, па нема да ви недостасува „материјал“ за озборување.

2. Озборувајте ги пријателите со кои сте на летување

(2) 7 неверојатно забавни работи кои можете да ги правите со момчето на плажа

Веќе пет дена само вие ги плаќате заедничките сметки за кафињата и сладоледите. Какви скржавци! Не сакаат да стануваат порано за да фатите лежалки во прв ред. Вечерните излегувања им се сведени на досадни прошетки, а не луди ноќи поминати во големи и бучни дискотеки. Навистина, паровите кои одат на одмор во друштво со други парови многу често се наоѓаат во вакви и слични ситуации. Затоа, кога ќе останете насамо со вашиот партнер, направете си муабет за нештата кои ве нервираат кај „оние другите“.

3. Јадете лубеница

(3) 7 неверојатно забавни работи кои можете да ги правите со момчето на плажа

Ова прекрасно овошје е полно со вода, која му е најпотребна на организмот. За да се освежите, наместо кафе или газирани пијалаци, еден ден купете си лубеница и расечете ја на плажа. Така времето ќе ви мине побрзо, а вие ќе соберете енергија за уште една тура пливање.

4. Смислувајте нови интересни места за водење луѓе

(4) 7 неверојатно забавни работи кои можете да ги правите со момчето на плажа

Подрумот на поморскиот музеј? Хм, зошто да не? Можеби повеќето од тие идеи нема да се остварат, но добро е да ја развиете фантазијата и да се отворите со партнерот. Тоа ќе ја зацврсти вашата врска и ќе развие особена блискост. Ако ништо друго ќе дознаете уште некоја скриена мечта на човекот до вас.

5. На глас читајте делови од книга со сексуална содржина

(5) 7 неверојатно забавни работи кои можете да ги правите со момчето на плажа

Уште една забавна игра. Можете дури да внесете и малку драматичност при читањето, па возбудени да ја напуштите плажата малку порано тој ден. Доколку сте опкружени со луѓе, не грижете се, можеби и тие ќе сакаат да слушнат нешто интересно додека се излежуваат под сонцето. Сепак, внимавајте ако има деца околу вас.

6. Играјте одбојка во вода

(6) 7 неверојатно забавни работи кои можете да ги правите со момчето на плажа

Ова е една забава од која ќе имате повеќе придобивки. Прво, нема само досадно да шлапкате во водата, туку ќе бидете активно ангажирани, второ, поголеми се шансите да фатите подобар тен во вода (само покријте ја главата со соодветна шапка) и трето, ќе потрошите многу енергија и ќе ја подобрите линијата.

7. Бакнувајте се под чадорот за сонце

(7) 7 неверојатно забавни работи кои можете да ги правите со момчето на плажа

Бакнувањето никогаш не е премногу. Опуштете се и дозволете да ве понесат шумот на брановите и убавите мириси кои се шират околу вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар