7 нешта за кои ви е потребно „пролетно чистење“ покрај вашиот дом

Најчесто пролетното чистење го поврзуваме со чистење на домот. Но, ова важи и за отстранување на хаосот и вишокот и од вашиот живот. Овде може да спаѓаат кои било лоши навики кои сте ги стекнале во студените денови – спиење до доцна, прескокнување на теретаната, нездрава исхрана.

7 нешта за кои ви е потребно „пролетно чистење“ покрај вашиот дом

Потребно е многу повеќе од здрава исхрана и доволно сон. Она што е важно е да бидете и емоционално здрави, нешто што понекогаш е покомплицирано. Па доколку го исчистивте вашиот дом, сега е време да исчистите и некои делови од вашиот живот.

1. Вашите врски

Настојуваме да „хибернираме“ во зима кога станува збор за врските. Темно е, студено е и едноставно немате енергија да се справите со врските што ве истрошуваат. Сега е вистинското време да го вложите потребниот труд за да се ослободите од врските што не ви требаат. Ова значи да размислете за сите токсични врски и да ги направите приоритет најважните.

2. Вашите очекувања за годината

Помина некое време откако сте ги направиле новогодишните одлуки. Одвојте време за да размислите за нив и да забележите до каде сте стигнале. Истовремено разгледајте каде ви е потребно подобрување, доколку сакате да ги постигнете целите. Напредокот е напредок само кога можете да го следите и да продолжите да се движите напред. Можеби на вашите цели им е потребно повеќе внимание или некаква промена. Размислете што би ве направило најисполнети до крајот на годината, па можете дури и да ги обновите целите.

3. Вашата навика за вгнездување

Сега времето е потопло и деновите се подолги, па време е да излезете надвор. Без разлика дали ќе вежбате на отворено или само ќе прошетате наместо да користите автомобил, потрудете се да излезете од вашето гнездо и уживајте во будењето на природата.

4. Вашите имејлови и социјални медиуми

Одвојте време да ги разгледате имејловите и социјалните медиуми и отстранете сè што не ви е од корист. Сигурно добивате безброј пораки што само ги бришете или воопшто не ги ни погледнувате. Па, ослободете се од нив.

5. Вашата самодоверба

Навистина е лесно да погледнете надвор од вас за да најдете нешто за коешто сте благодарни. Секој ден, веднаш после будење и пред спиење, напишете 3 нешта за коишто сте горди, без разлика колку се мали. Некои денови ова ќе биде миење садови, а некогаш ќе биде и некој голем успех. Важно е да се цените онакви какви што сте и да бидете благодарни за она што го имате. Со текот на времето, ќе го истренирате вашиот мозок и ќе ви биде полесно да се потпрете на вашата сила.

6. Вашето опкружување

Вашето опкружување нека биде одраз на личноста којашто станувате или којашто се обидувате да станете. Размислете како сакате да се чувствувате во вашиот простор. Отстранете сè што не ви користи во тоа. Вашиот простор треба да биде ваш личен одраз. Можеби ќе сакате да направите место за медитација, или пак да ставите звучници во вашиот тоалет бидејќи сакате да пеете. Правилното опкружување е различно за секого.

7. Вашиот внатрешен круг

Едно од најчестите места каде што наоѓаме поддршка и сила е од луѓето околу нас. Размислете кои луѓе ве охрабруваат, кои ве предизвикуваат и кои ве инспирираат. Сите ваши врски, особено од внатрешниот круг, треба да спаѓаат во некоја од овие категории. Сега не е време да го одолговлекувате вашиот напредокот поради енергетски вампири. Не плашете се да се ослободите од луѓето кои не ви посакуваат добро. Доколку пак имате тешка врска со личност што ја сакате, обидете се да поставите јасни граници и бидете свесни за времето што го минувате заедно.

Доколку не знаете од каде да почнете, погледнете ги овие совети за пролетно чистење на умот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар