Розово лате за дамите што се вљубени во кофеинот

Малку поинакво кафе

Потребни состојки:
  • 100 милилитри млеко од соја
  • 1/2 кафена лажичка розова вода
  • 2 капки црвена боја за храна
  • 1 доза еспресо
  • Розови ливчиња
Начин на подготовка:

Подгответе го еспресото на вообичаениот начин. Ставете го млекото од соја во тавче и додајте ја розовата вода заедно со црвената боја за храна. Оставете да врие додека не добиете пена. Сипете ја мешавината во еспресото, а потоа со лажичка додајте ја и пената. Декорирајте со розовите ливчиња и сервирајте.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар