7 необични работи кои на мажите им се допаѓаат кај жените

Според досегашното искуство сме утврдиле дека многу работи за кои мислиме дека им се допаѓаат на мажите, всушност ги вадат од такт, ги иритираат и сакаат да престанеме да ги правиме. Некои работи пак, кои се тотално секојдневни и обични, тие ги сметаат за привлечни и секси. Можеби оваа листа ќе ве изненади и зачуди, но овие 7 работи мажите сакаат да ги видат кај една жена.

1-7-neobichni-raboti-koi-na-mazhite-im-se-dopagjaat-kaj-zhenite-www.kafepauza.mk_

1. Очила

Жените кои носат очила изгледаат многу атрактивно за мажите. Сега кога тоа е потврдено, може слободно да ги фрлите контактните леќи… А оние кои носат очила се вистински среќници, зар не?

2-7-neobichni-raboti-koi-na-mazhite-im-se-dopagjaat-kaj-zhenite-www.kafepauza.mk_

2. Акцент

Не мора да бидете од некоја друга земја за да му се допаднете на некој маж. Можеби едноставно имате некој специфичен акцент кој зависи од градот од кој доаѓате. Не треба да се срамите од својот акцент, туку треба да бидете горди бидејќи тоа им се допаѓа на мажите и на некој чуден начин ги привлекува. Вашиот акцент звучи егзотично, па дури и ако вашиот мајчин јазик е ист – а ако не е, уште подобро!

3-7-neobichni-raboti-koi-na-mazhite-im-se-dopagjaat-kaj-zhenite-www.kafepauza.mk_

3. Пешкир на главата

Една од најчудните работи која им се допаѓа на мажите е кога нивната девојка ќе ја измие косата, а потоа ќе ја завитка во пешкир. Секако дека тие обожаваат кога нашата коса е пуштена и миризлива, но тој пешкир едноставно им се допаѓа. Можеби е време да започнеме нов тренд? Или пак не…

4-7-neobichni-raboti-koi-na-mazhite-im-se-dopagjaat-kaj-zhenite-www.kafepauza.mk_

4. Кога ве гледа додека се шминкате

Дали некогаш сте се нашле во ситуација, вашето момче или маж да ве гледа додека се шминкате? Постои голема можност тој да е воодушевен од вашите вештини за нанесување шминка. И тој знае дека постојат различни техники за нанесување на одредена шминка на лицето. Па така, слободно шминкајте се пред него и оставете го да се воодушевува.

5-7-neobichni-raboti-koi-na-mazhite-im-se-dopagjaat-kaj-zhenite-www.kafepauza.mk_

5. Кога жената вежба

Многу мажи сакаат да ги гледаат жените додека вежбаат. Тој исцрпен поглед и потта на кожата едноставно делува на нив како магнет. Ви се допаѓало вам или не, мажите и понатаму го сметат тоа за секси изглед, па и да бидете мокри до гола кожа. Нека ве гледа додека вежбате, или уште подобро – вежбајте заедно!

6-7-neobichni-raboti-koi-na-mazhite-im-se-dopagjaat-kaj-zhenite-www.kafepauza.mk_

6. Војнички дизајн

Започнете да го носите овој дизајн бидејќи позитивно влијае на мажите. Повеќето од нив сметаат дека жената во „војничка облека“ е секси и ги потсетува на дива природа, лов и егзотични острови. Комбинирајте некој фустан со овој дизајн, високи потпетици и мрежести хулахопки… Нема да може да ви одолее.

7-7-neobichni-raboti-koi-na-mazhite-im-se-dopagjaat-kaj-zhenite-www.kafepauza.mk_

7. Кога жената ја носи неговата блуза

Неуредниот изглед, исто така, им е привлечен на мажите, особено начинот на кој ја носите неговата блуза. Испробајте го овој трик и видете како ќе реагира. Сепак, во модната индустрија повеќе пати сме виделе жени кои шетаат по модната писта во машки кошули. Признајте, изгледа шик и модерно.

8-7-neobichni-raboti-koi-na-mazhite-im-se-dopagjaat-kaj-zhenite-www.kafepauza.mk_



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар