Ганвие: Неверојатно село изградено на средина од езерото Нокуе

Ганвие: Неверојатно село изградено на средина од езерото Нокуе

Ганвие е голема населба изградена на езерото Нокуе кое се наоѓа еден час северно од градот Котоноу – најголемиот град на Република Бенин (западна Африка). Со популација од околу 20.000 жители, ова е веројатно најголемото село на езеро во Африка и како такво е многу популарно меѓу туристите.

Во селото веќе со генерации живеат припадници на етничката група Тофину во едноставни куќички од бамбус подигнати на езерото, а поголемиот дел од нив се потпираат на само неколку забодени столбови во дното на езерото. Поради ваквиот начин на живот, жителите на Ганвие често се нарекуваат „Водениот народ на Бенин“.

0-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk

Се верува дека селото за прв пат е населено во 16-ти или 17-ти век, а неговите жители го изградиле на средина од езерото за да го избегнат племето Фон. Во тоа време, припадниците на моќното западноафриканско племе Фон продавале робови од други племиња во Португалија. Тофину наскоро сфатиле дека припадниците на Фон поради религиски причини не смеат да влезат во водата, нити да ги напаѓаат луѓето кои живеат во неа, па така одлучиле темелите на својата нова населба да бидат на средина од езерото.

Сите куќи, продавници и ресторани во селото се изградени на дрвени стапови, вообичаено неколку метри над водата. Ганвие исто така има пазар кој плута, но и едно комплетно парче земја на кое е изградено училиште. Во селото, голем дел од жителите се занимаваат со риболов и туризам. Некои селани одгледуваат и припитомени копнени животни кои живеат на малите парчиња трева што се ѕиркаат од водата.

1-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk 2-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk 3-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk 4-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk 5-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk 6-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk 7-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk 8-ganvie-neverojatno-selo-izgradeno-na-sredina-od-ezeroto-nokue-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар