7 намирници што ги намалуваат лузните од акни

Акните ја оштетуваат кожата и ткивото под неа, а организмот се обидува да ја поправи таа штета и произведува колаген. Ако телото произведува многу малку или премногу колаген, се појавува лузна. Козметичката индустрија пронајде многу начини за борба против лузните од акни, но најлесниот и најприроден начин да го направите тоа е да ги лекувате со вкусна и здрава храна. Здравата исхрана е клучна за сјајна кожа, а овие намирници ќе ви помогнат да ги намалите лузните и да имате големи здравствени придобивки.

1. Тиква

7 намирници што ги намалуваат лузните од акни

Тиквата е одличен извор на нијацин, фолат, витамини А и Б и цинк.

Нијацинот и фолатот ја подобруваат циркулацијата на крвта, го подобруваат обновувањето на клетките и се корисни во лекувањето на акните. Семките од тиква содржат цинк, кој помага во контролирањето на нивото на хормоните и на производството на масло и помага во заздравувањето на кожата. Витаминот А помага во намалување на лузните од акни.

2. Кељ

7 намирници што ги намалуваат лузните од акни

Кељот е богат со витамини Ц и К и е добар извор на бакар и железо.

Витамините, минералите и антиоксидантите што ги содржи кељот ја намалуваат хиперпигментацијата и помагаат да се изедначи тенот на вашата кожа. Витаминот К ги намалува темните дамки на вашата кожа, а железото го забрзува заздравувањето на раните и на лузните, вклучувајќи ги и лузните од акни и дамките.

3. Лимон

7 намирници што ги намалуваат лузните од акни

Сокот од лимон ја затегнува опуштената кожа и се бори против дамките.

Кората од лимон содржи флавоноиди кои имаат заштитен и антиканцероген ефект врз вашата кожа. Започнувањето на денот со пиење чаша топла вода со сок од лимон или користење на сокот од лимон како дресинг за салата може да ви помогне да имате здрава и сјајна кожа.

4. Сладок компир

7 намирници што ги намалуваат лузните од акни

Слаткиот компир содржи ретинол и бета-каротен.

Вашето тело го претвора бета-каротенот во витамин А. Овој витамин функционира како бариера на кожата против избледување, воспаление и затнати пори, честопати предизвикани од слободни радикали. Ретинолот е клучна состојка кај многу производи за убавина бидејќи се бори против хиперпигментација, акни, брчки и лузни. Наместо да купувате скапи кремови, можете да уживате во оригиналната форма на ретинолот со додавање слатки компири во вашите оброци.

5. Папаја

7 намирници што ги намалуваат лузните од акни

Папајата е богата со дигестивен ензим наречен папаин.

Папаинот помага во ексфолијација на мртвите клетки на кожата, ги одзатнува порите и ги намалува лузните од акни. Исто така, ја одржува кожата хидрирана и спречува идни појави на лузни.

6. Карфиол

7 намирници што ги намалуваат лузните од акни

Карфиолот е одличен извор на витамин Ц и на аминокиселината хистидин.

Хистидинот ја штити вашата кожа од штетните УВ-зраци што можат да ја влошат состојбата на темните дамки. Витаминот Ц се бори против сите оштетувања предизвикани од слободни радикали, му помага на вашето тело да го апсорбира железото и ги лекува раните и лузните.

7. Киноа

7 намирници што ги намалуваат лузните од акни

Киноата содржи витамин Б3.

Витаминот Б3 помага во смирување на кожата што е иритирана и воспалена поради акните. Киноата содржи елементи што помагаат при отстранување на лузните кои се појавиле поради акните. Исто така, ја обновува кожата и ја намалува иритацијата.

Погледнете кои 6 намирници може да ги јадете навечер без да се здебелите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар