7 најважни љубовни лекции на коишто мајките мора да ги научат своите ќерки

7 најважни љубовни лекции на коишто мајките мора да ги научат своите ќерки

Постојат лекции коишто само мајките можат да ни ги пренесат. Некои од тие поуки се поврзани со романтичната љубов бидејќи мајките по тоа прашање имаат повеќе искуство и мудрост за разлика од нивните ќерки. Секоја мајка ѝ го посакува најдоброто на својата ќерка. Кога ќерката ќе ги научи најважните љубовни лекции тогаш таа е подготвена да започне сериозна врска.

1. Ти си доволна

Ако постои само една порака којашто ќерката треба да ја научи од својата мајка, тогаш тоа е оваа. Знаејќи дека е доволна, ќерката секогаш ќе има на ум дека не мора да се менува за да биде сакана. Научете ја својата ќерка дека ако некој се обиде да ја увери во спротивното, тој не е вистинска личност за неа. Кога некој не може да види колку таа вреди – не заслужува да биде во нејзиниот живот.

2. Не можеш да добиеш почит од некого ако ти прво не ја дадеш

И ова не важи само за романтичната љубов туку и за љубовта што ја чувствуваме кон пријателите и семејството. И само мора да покажете почит каква што барате од партнерот. Кога се грижите за сопственото тело, убаво се храните, доволно се одморате и физички сте активни, тогаш ќе ве привлече личност што го прави истото.

3. Немој да се изгубиш себеси во врската

Кога ќе се заљуби жената може да заборави која е таа всушност без нејзината втора половина. Сопствената несигурност или врска не смеат да ја спречат да го живее животот како што заслужува. Затоа, научете ја ќерката секогаш да ги задржи своите интереси, пријатели и време коешто ќе го поминува сама. Сето тоа ѝ е потребно за да има здрав живот и да се чувствува исполнето без оглед колку ќе трае нејзината љубовна врска. Во секоја личност има доволно простор да се сака себеси и да сака некој друг.

4. Обрни внимание на зборовите и однесувањето на партнерот, но и на потенцијалниот партнер

Тоа може да ја спаси од скршено срце. Ако дечкото којшто ѝ се допаѓа вели дека во моментот не бара девојка, кажете ѝ да му верува. Ако има испади кон неговата мајка тоа треба да се сфати како предупредување. Ако личноста не се однесува добро кон некој друг тоа е знак дека најверојатно нема да се однесува убаво ниту кон партнерката. Луѓето често со своето однесување и нивните зборови откриваат за нив сè што мора да знаеме. Кажете ѝ на вашата ќерка да не се залажува со верувањето дека таа знае „што всушност тој мислел“.

5. Влези во врска и остани во неа од вистински причини

Мајките мора да ги научат нивните ќерки дека вистинската љубов значи поврзаност, несебичност и великодушност. Ако таквите квалитети ги нема во врската тогаш не би требало да се биде во неа. Осаменоста, повторното доживување на минатото, надворешните притисоци и заедничките пријатели не се причини за да се остане со некого во врска. Немојте да чекате вашата ќерка да доживее криза за да ѝ дадете совет. Помогнете ѝ да научи како да ги препознава знаците коишто ѝ говорат дека не треба да остане со некој пред да мора да ја донесе таа одлука.

6. Дознај што сакаш и остани верна на тоа

Понекогаш врската однадвор може да изгледа совршена, но внатре не е сè така убаво. Можеби вашата ќерка дава премногу, но не добива доволно или едноставно чувствува дека во врската нешто недостасува. Кажете ѝ да сфати што сака и да не отстапува од остварување на тие желби за да може да го реши тој проблем и да продолжи понатаму. Научете ја својата ќерка да има силна самосвесност, а не да биде личност каква што другите ја замислуваат.

7. И скршеното срце носи нешто добро

На вашата ќерка најмногу ѝ треба совет и утеха отколку кога срцето ќе ѝ биде скршено. Кажете ѝ дека е во ред да чувствува болка, но и дека прекинот на врската може да биде лекција. Кога ќе ја изгуби љубовта, жената може да научи за себеси многу повеќе отколку во која било друга ситуација. Начинот на кој ќе се носи со својот прв прекин ќе ги обликува нејзините идни врски на многу силен начин. Тоа ќе ја научи што сака да прифати, а што навистина ѝ треба и како треба да се откаже.

Прочитајте ги најдобрите љубовни совети кои би ги добиле од најдобрите пријателки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар