7 начини да го замолчите вашиот внатрешен критичар и да си станете ваш најдобар пријател

7 начини да го замолчите вашиот внатрешен критичар и да си станете ваш најдобар пријател

Не за џабе се вели дека самите сме си најлоши непријатели. Доколку не внимаваме на нашиот внатрешен критичар, ние можеме да се најдеме во ситуација каде што тој ќе ја преземе контролата врз нашиот живот и ќе почне да нè води во сосема спротивна насока од онаа кон која сакаме да се движиме. Токму затоа погледнете ги следниве 7 начини на кој можете да го намалите неговиот глас и да повикате позитивни мисли во вашата глава со чија помош ќе можете да успеете во сè што ќе намислите.

7 начини да го замолчите вашиот внатрешен критичар и да си станете ваш најдобар пријател

1. Запознајте се добро

Земете лист и хартија и почнете да ги одговарате следниве прашања со цел подобро да се запознаете. Што ве смее? Што ве мотивира и ве тера да се движите напред? Каков совет би си дале на самите себеси кога сте биле помлади? Кој е вашиот најголем предизвик денес? Откако ќе одговорите на овие прашања, почнете да си поставувате и други. Целта на вежбата е да бидете искрени со себе. Исто така бидете и креативни. Ниту едно прашање или одговор не може да биде претерано.

2. Одведете се самите на вечера

Излезете на состанок со себе. Тажната вистина е дека повеќето од луѓето научиле како да се забавуваат во друштво на други луѓе, но никогаш не го почувствувале исполнувањето кое доаѓа со нивното присуство. Едноставно излезете сами во ресторан, посетете библиотека или запишете се на фитнес. Отидете во кино или напијте се кафе во парк. Брзо ќе откриете дека сте навистина одлично друштво за себе.

3. Зборувајте за себе со почит

Како звучи вашиот внатрешен дијалог? Дали ве мотивира или ве критикува? Поголемиот дел од луѓето зборуваат за пријателите со почит, но себеси се критикуваат дури и за најмалите ситници. Вашиот внатрешен глас има моќ да ви помогне да успеете на секое поле, но најпрво мора да се погрижите да кажува само позитивни зборови и фрази. Бидете свесни како ги користите зборовите кои демотивираат, особено оние кои изгледаат незначајно како „но“, „не можам“ и „би требало“. Сфатете ја нивната природа која ограничува и обидете се да ги исфрлите од вашиот внатрешен дијалог.

4. Размислувајте позитивно

Вие имате моќ над вашите мисли, како и контрола врз идеите кои ви паѓаат напамет. Секогаш кога ќе забележите дека размислувате за нешта кои ве растажуваат, лутат или нервираат, веднаш спречете ги и одберете позитивни мисли. Токму овие мисли се оние кои ќе направат да се почувствувате посамоуверено и кои веднаш ќе ви го подобрат вашето расположение и ќе ја зацврстат врската која ја имате со себе. Но, имајте на ум дека развивањето свесност за вашите мисли не може да се случи преку ноќ, па ќе биде потребно малку да повежбате. Бидете трпеливи.

5. Правете го она кое ве прави среќни

Исполнете го вашиот живот со оние нешта кои ги љубите. Бидете покрај работите за кои чувствувате страст, кои ви даваат моќ и ве инспирираат. Барајте убавина во сè околу вас. Слушајте музика која допира до вас и јадете храна која ве задоволува. Опкружете се со пријатни звуци и убави пејзажи. Дознајте што е тоа што прави вашето срце да заигра. Откријте ги сите оние нешта кои ве исполнуваат, без разлика колку мало и незначајно ви делуваат, и секојдневно одвојувајте време за нив.

6. Грижете се за вашето тело

Соодветната грижа за вашето физичко здравје ви овозможува да живеете многу поефикасно и поенергично. Доколку внимавате на вашето тело така што внесувате во него здрава храна, секојдневно вежбате и наоѓате доволно време за одмор, тогаш вие ќе можете да постигнете сè што ќе посакате. Јадете добро, не престанувајте да се движите и планирајте ја неделата така што ќе си дозволите доволно време за одмор. Вашето тело ќе ви биде и повеќе од благодарно.

7. Сакајте се самите себеси

Зошто да не се сакате? Ако не се сакате вие, како очекувате некој друг да ве сака? Бидете благодарни за тоа што сте и постојано потсетувајте се за тоа што сакате да станете. Не постои подобро чувство од удобноста во својата кожа. Давајте си причини да бидете горди на себе и продолжете да откривате нови докази кои ќе ги поддржуваат овие мисли. Вие сте уникатни и неверојатни и токму тоа треба да му го покажете на овој свет. Престанете да се криете зад своите негативни мисли и докажете си дека можете да успеете во сè!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар