7 начини да го задржите вашиот бронзен тен долго откако ќе се вратите од море

7 начини да го задржите вашиот бронзен тен долго откако ќе се вратите од море

За жал, повеќето од нас не можат да го поминат целото лето на плажа, па затоа и нашиот прекрасен бронзен тен многу брзо се губи. За среќа, постојат неколку начини на кои можете да го продолжите траењето на вашиот тен и да изгледате прекрасно и беспрекорно.

1. Најважно од сè е да ја хидрирате кожата. Колку повлажна ја држите, толку подолго ќе трае вашиот бронзен тен. Исто така, после секое туширање или бањање, не заборавајте да нанесете хидратантен лосион.

2. Кога сме кај туширањето, нека температурата на водата биде млака. Прежешката вода ја суши кожата, а на тој начин и ја „мие“ вашата боја.

3. Одберете природно масло за нега на кожата, како бадемовото. Најдобар ефект ќе има ако го нанесете на влажна кожа веднаш по тушењето. Исто така, не се облекувајте додека кожата не го впие маслото.

4. Избегнувајте пречесто да користите средства за туширање бидејќи и тие ја сушат кожата. Исто така одберете некое средство чија pH вредност е близу до природното pH на кожата.

5. Немојте да ја триете кожата со пешкир. По туширањето само благо тапкајте со цел пешкирот нежно да ја впие водата од вас.

6. Јадете храна богата со бета каротен, како што се дињите и морковите и земајте дополнителни капсули витамин Б, кои не само што ќе ја задржат бојата на вашиот тен туку и ќе направат кожата да ви биде посјајна.

7. Пијте што е можно повеќе вода за да ја одржувате кожата жива. Нема да постигнете подобар резултат од оној со хидрирањето.

Дознајте и која храна ќе ѝ помогне на вашата кожа брзо да добие прекрасен бронзен тен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар