7 начини да добиете рамен стомак без диети и вежбање

Рамниот стомак е сон на секоја жена. За жал, многу жени не водат сметка за својата исхрана или не поминуваат време во теретана, па овој сон е скоро недостижен. Но, дали знаевте дека вашиот стомак може да биде рамен без диети и редовно вежбање? Неколку американски професионалци направија список на навики кои може да ги внесете во вашето секојдневие и да ги постигнете посакуваните резултати, без многу труд.

1-7-nachini-kako-da-imate-ramen-stomak-bez-dieti-i-vezhbanje-www.kafepauza.mk_

1. Исправете се

„Кога стоите или седите со исправен грб вашите мускули на стомакот се ангажирани, а освен тоа вашиот систем за варење работи многу подобро“ – тврди Ким Лионс, тренер во американското шоу „Најголемиот губитник“.

2. Внесувајте доволно вода

„Кога организмот е дехидриран, тој прави складиште за вода, кое најчесто се наоѓа во пределот на стомакот. Поради тоа, потребно е секој ден да пиете 8 чаши вода“ – вели Ким.

3. Јадете пополека

„Џвакајте го секој залак најмалку 10 пати пред да го голтнете. Тоа ќе го олесни варењето на храната и нема да имате проблеми со дигестијата. Освен тоа, кога јадете брзо голтате и воздух кој може да го зголеми вашиот стомак“ – вели д-р Џудит Рајкмен, професорка на Универзитетот Калифорнија.

4. Користете пробиотици

„Пробиотиците се добри бактерии кои му помагаат во работата на вашиот дигестивен систем и ги спречуваат гастроинтестиналните проблеми кои може да доведат до зголемување на желудникот. Еден од најдобрите пробиотици е јогуртот“ – тврди нутриционистот Џони Бауден.

2-7-nachini-kako-da-imate-ramen-stomak-bez-dieti-i-vezhbanje-www.kafepauza.mk_

5. Редовно пешачете

„Секојдневното триесетминутно пешачење ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе ви помогне да се ослободите од вишокот наслаги во стомакот“ – вели Ким Лионс.

6. Додатоци во исхраната

„Како додаток во исхраната консумирајте калциум, бидејќи тој го намалува естрогенот во вашиот организам, кој ако се зголеми е главен фактор за маснотии во стомакот“ – вели д-р Рандолф.

7. Релаксирајте се

„Кога сте нервозни вашето тело произведува поголема количина стероиди и хормони на стрес, кои негативно влијаат на дигестивните функции и создавањето на масти. Поради тоа, неопходно е да издвојувате 20 минути во текот на денот за да се релаксирате на начин кој најдобро ви одговара“ – тврди д-р Рандолф.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар