7 начини брзо да го подобрите вашето психолошко здравје

7 начини брзо да го подобрите вашето психолошко здравје

Кога стресот од секојдневието постојано негативно ни влијае, можеме да направиме 2 работи. Првата е да му дозволиме да ја преземе контролата врз нашиот живот, а втората е да му се спротивставиме и да ја подобриме нашата добросостојба. Погледнете ги наредниве неколку начини на кои можете да му се спротивставите на стресот и кои со сигурност ќе направат да се чувствувате подобро…

7 начини брзо да го подобрите вашето психолошко здравје

Искажувајте благодарност

Истражувањата во областа на позитивната психологија откриле дека постојат голем број придобивки од искажувањето на благодарноста. На тој начин ние повеќе го цениме она што го имаме, но и она што другите го направиле за нас. Благодарноста не само што може да направи да се чувствувате подобро и пооптимистично, туку таа ја зголемува емпатијата и доколку ја искажете на блиска личност, ќе направите и таа да се чувствува подобро.

Смејте сè и бидете среќни

Смеењето е најдобриот лек за добро расположение. Тоа ја зголемува вашата енергија и едноставно ви оневозможува да бидете под стрес. Според голем број истражувања, доволна е една мала насмевка на вашето лице за работите да тргнат кон подобро. Дури и ако со сила се насмеете, таа ќе има позитивен ефект врз вас и ќе ги зголеми вашите чувства на среќа. Смеата исто така може да ви помогне и да олесните тензична ситуација или пак, да направите некој друг да се почувствува подобро.

Направете пауза

Едноставно одморете од секојдневната негативност така што ќе испланирате мало викенд бегство. Без разлика дали ќе одлучите да одите надвор од вашиот град или пак, ќе направите некоја интересна авантура во неговите граници, тоа може да биде одличен начин на справување со стресот. Но, не заборавајте. Вие навистина треба да направите пауза од секојдневието, а не само да седите дома, да лежите пред телевизорот и да размислувате на сите оние проблеми со кои секојдневно се соочувате.

Бидете свесни за она што го имате

Исто како и благодарноста, свесноста за она што веќе сте го постигнале може да направи многу нешта да тргнат во вистинската насока. Доколку постојано се фокусирате на негативностите, песимизмот и сите останати екстреми, тогаш не можете да не се почувствувате безнадежно и беспомошно. Токму затоа наместо да се фокусирате на сите оние нешта кои ги немате, насочете го вашето внимание кон позитивните работи во вашиот живот, како на пример, пријателите, добрите времиња, вашите таленти и способности, како и сите оние нешта кои веќе сте ги постигнале.

Посетете личност на која сте ѝ потребна

Поддршката кон вашите најблиски во време кога навистина им е потребна не само што ќе направи тие да се чувствуваат подобро, туку може да ја подобри и вашата добросостојба. Вие со делењето на тешките моменти, ќе им помогнете и на нив, но и на себе. Знаењето дека сте направиле промена влијае многу позитивно врз нашето психолошко здравје.

Поминувајте квалитетно време со саканиот/саканата

Ништо не може да ви влијае попозитивно од времето поминато со личноста која ја сакате. Без разлика дали станува збор за романтична вечера, пикник со вашето дете, целодневна со вашите родители или пак, прошетка со вашите браќа/сестри или најдобри пријатели, вие веднаш ќе забележите дека овие интензивни и фокусирани интеракции ќе доведат до појава на позитивни сеќавања кои во иднина ќе ви помогнат полесно да поминете низ тешките времиња…

Волонтирајте и помагајте

Многу луѓе се вклучуваат во волонтерската работа бидејќи на тој начин се чувствуваат како да можат да им помогнат на сите луѓе и да направат некаква разлика. Без разлика на волонтерската организација, помагањето без очекување ништо за возврат може многу да ви помогне при подобрување на вашето психолошко здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар