7 моќни чувства што ги доживуваат само емпатите

7 моќни чувства што ги доживуваат само емпатите

Ако и вие сте емпат, тогаш големи се шансите да се пронајдете во секоја од следните точки. Не само што ќе знаете точно за кои чувства зборуваме, туку и подетално ќе разберете зошто се однесувате на одреден начин во дадени ситуации. Продолжете со читање…

1. Неверојатна потреба да излезете од просторија

Ви се случило ли некогаш да бидете на забава или да разговарате со некого и одеднаш да добиете неиздржлива потреба да се затрчате кон вратата и да избегате што подалеку од таму? Ова непријатно чувство може да е предизвикано од вашата способност да ги впиете туѓите физички, емоционални или спиритуални болки.

2. Знаете кога нештата неизбежно водат кон трагедија

Вие ги чувствувате вибрациите емитувани од луѓето уште пред да почнат нештата да се развиваат. Едноставно чувствувате во коските дека ќе настане некоја лоша ситуација, без разлика дали станува збор за обична расправија или некоја поголема трагедија.

3. Чувствувате како да сте дел од омилените ТВ серии

Кога гледаат филмови или серии, емпатите можат толку многу да се соживеат со главните карактери, што почнува да им изгледа како нивните искуства да им се случуваат и ним. Понекогаш дури им треба и време да се вратат во реалноста, откако ќе завршат со гледање серии, особено ако направиле подолг маратон.

4. Физички ја чувствувате тежината на светот

Изгледа како вие да можете да ја почувствувате таканаречената колективна болка и сите маки што ги доживува целата планета. Затоа и понекогаш ви делува како да го носите целиот свет на сопствените рамена.

5. Можете да го видите вистинскиот потенцијал на луѓето

Ова е уште една супермоќ на емпатите. Тие можат да ги видат дури и најскриените делови од одредена личност и да знаат точно за што е таа способна. Но, тоа не е сè. Покрај тоа што ги гледате овие потенцијали, вие исто така знаете и точно како да ги извлечете на површина и да им помогнете на луѓето подобро да се спознаат.

6. Се чувствувате како детектор за лаги во движење

Ако некој пробува да ве излаже, вие во истиот момент го знаете тоа. Можеби понекогаш ова ви делува и како проблем, но ако научите како правилно да го користите, може да ви помогне во многу непредвидливи ситуации во животот.

7. Чувствувате потреба да ги потиснувате емоциите

Постојат големи шанси дека уште од мали нозе сте научиле како да не го кажувате тоа што го чувствувате со цел да избегнете да им правите на другите да им биде непријатно. Со оглед на тоа што точно знаете што се случува со емоциите на другите, вие дури и несвесно се обидувате постојано да им биде удобно кога се во ваша близина, на своја штета.

Не сте сигурни дали сте емпати? Погледнете ги овие 10 знаци дека имате натпросечна емпатија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар