7 модни трендови кои мора да умрат во 2015-та

Во 2014 година имаше неколку трендови за кои вредеше да се зборува: враќањето на 90-тите, патиките и палтата во шарени бои. Но, исто така постојат неколку трендови за кои никако не би смееле да зборуваме во сегашната 2015-та. Лош дизајн и ужасен изглед се само дел од зборовите кои добро ги опишуваат овие трендови кои се надеваме дека ќе изумрат во 2015.

1. Нормкор

Терминот „нормкор“ настана како начин за да се опише стилот од предградијата во Њујорк и спортскиот стил. Од една страна, во ред, овој тренд се појави како суфицит на дотерувањето и трудот околу изгледот. Ги замени високите потпетици прославувајќи ги патиките и освежувајќи го секојдневниот изглед. Но, подготвени сме да му дојде крај на ова. Спремни сме за нова инспирација која ќе нѐ разликува како индивидуи.

1-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk2-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk3-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk

2. Гол фустан

„Која е целта на облеката што ја носиме?“ – тоа е веројатно пораката на познатите личности која ни ја пренесоа преку нивните модни избори. Но за жал, вистината е дека мал број просечни жени имаат тело на божици, а овој фустан не може баш секому да му успее. Затоа ги молиме дизајнерите да посветат малку повеќе внимание на облекување на жените, а не на нивно слекување.

4-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk ELLE's 5th Annual Women in Music Concert Celebration 2014 MMVA Red Carpet Arrival

3. Мода во форма на брза храна

Џереми Скот дизајнираше колекција посветена на Мекдоналдс за Москино. Карл Лагерфилд создаде ревија што се одвиваше во супермаркет, која дури вклучуваше модни додатоци како тетрапак млеко и чанти за пазарување. Чантите на Ања Хиндмарк во нејзината есенска колекција беа инспирирани од житариците за појадок и брзо станаа омилени на модните блогери. Во ателјето на модната куќа Кејт Спејд чантите во форма на пакетчиња со кинеска храна станаа инстант хит. Да, слатко е додека е ново, но време е да продолжиме понатака и да го заборавиме ова.

8-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk 7-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk 9-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk 10-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk

4. Грди сандали

Од хипи Биркенсток до црно-белите Адидас обувки за туширање, очигледно сите ужасни сандали од 90-тите се појавија во 2014. Името на трендов кажува сѐ, така што да заборавиме на нив и да носиме убави обувки, може?

11-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk 12-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk 13-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk

5. Цветни круни

На почетокот ова беше еден од најслатките трендови кои го започнаа Лана Дел Реј и Алекса Чанг. Сеќавајќи се на дамите од ренесансата и цветните деца од 60-тите се потсетивме на бохо магијата која тие му ја додаваат на секојдневниот изглед. Но, буквално СИТЕ почнаа да го носат овој тренд. Цветна круна за музички фестивал? Слатко, но сега веќе по малку здодевно и предвидливо. Цветни круни за на кафе? Никако. Според Кортни Лав, која и самата го донесе овој тренд: „ерата на цветните круни заврши“, а ние целосно се сложуваме.

14-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk 15-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk16-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk

6. Здолниште/фустан со асиметричен крој

Овој тренд првпат стана популарен во 80-тите како и голем дел од лошите трендови од тоа време: трајните фризури, грејачите за нозе и потпунките за раменици. Ајде да се вратиме назад во далечната 1992 кога Џина Дејвис се појави на Оскарите со ваков фустан, кој брзо стана познат како еден од најлошите модни моменти на црвениот тепих на сите времиња. Не треба на тоа да се навраќаме, навистина не треба.

18-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk 17-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk 19-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk

7. Максимално искинати фармерки

Искинатите фармерки се целосно во ред. Но, фармерки кои се толку искинати што ја откриваат цела нога?! Не дај Боже. Рита Ора и Мајли Сајрус, па и голем дел од модните девојки насекаде максимално ги кинеа нивните фармерки во името на овој хит. Сега сѐ што остана e само да се запрашаме: тогаш зошто воопшто носиме пантолони?! Значи, уште еднаш да разјасниме: ги обожаваме скинатите фармерки, но ајде да бидеме разумни и да запомниме дека сѐ што е премногу не е добро.

21-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk20-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk 22-7-modni-trendovi-koi-mora-da-umrat-vo-2015-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар