7 љубовни совети од девојките кои имаат успешни и долготрајни врски

Љубовните врски се многу потешки одошто изгледаат. Токму затоа и понекогаш се потребни години и многу искуство со цел да научите точно што треба да очекувате од врската. Па, доколку сакате да го забрзате малку овој процес, погледнете ги следниве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја одржите вашата врска подолго, поуспешно и поздраво.

7 љубовни совети од девојките кои имаат успешни долготрајни врски

1. Не се однесувајте како „луда“ личност

Никогаш не се обидувајте да глумите со цел да го импресионирате мажот покрај вас. Бидете си вистинските вие – разумните и зрели личности кои знаеме дека сте. Исто така нема потреба да драматизирате доколку нешто не се одвива како што вие би сакале. Доколку имате некој проблем, разговарајте искрено за него.

2. Престанете да бидете опседнати со неговото мислење

Ако сте на почетокот од нова врска, вие можете да научите многу повеќе за него доколку го набљудувате отколку со правењето приказни во вашата глава. Едноставниот разговор повторно може многу да ви помогне, па не се срамете ниту пак, плашите да го прашате за сите оние нешта кои би сакале да ги знаете. Исто така имајте на ум дека мажите не уживаат во истите прашања, па затоа почнете дијалог со чија помош континуирано ќе откривате сè што ќе ви падне напамет.

3. Не го присилувајте на врска (и никако не му поставувајте ултиматум)

Дали ви е здодеано да го чекате да ве праша дали сакате да бидете во сериозна врска? Ако тоа се случува, можеби е време да разговарате. Но, направете го тоа искрено, кажувајќи му ги сите ваши емоции и објаснувајќи му зошто сакате тој да ви се обврзе само вам. Покажете му ја вашата самоуверена независност и бидете искрени за вашите идни цели.

4. Не заборавајте на вашите потреби и желби

Запомнете, вие сте во врска. Не се врти сè околу него, неговите потреби и желби. И вие сте дел од оваа заедница. Понекогаш жените толку многу се вложуваат во врските што едноставно забораваат на себеси и тоа најчесто води до скриено незадоволство кое може негативно да влијае врз самата врска. Не заборавајте кои сте, ниту пак кои се вашите вредности!

5. Никогаш не толерирајте однесување без почит

Вие можеби верувате дека ова не се однесува на вас и ние се надеваме дека тоа е вистина. Но, за жал, постојат многу интелигентни жени кои постојано наоѓаат оправдувања за очигледното однесување без почит од страна на нивниот партнер. Време е да направите чекор наназад и да ја побарате почитта која ја заслужувате. Верувајте, ќе бидете благодарни за тоа на долг рок.

6. Дајте му шанса да се објасни

Доколку нешто не ви се допаѓа кај него, особено ако сè уште не го познавате доволно добро, не правете пребрзи заклучоци и едноставно прашајте го. Можете да му кажете дека сте забележале нешто чудно во неговото однесување или пак, да му кажете дека не ви се допаднало тоа што тој го кажал со цел да му дадете до знаење дека постои проблем. Којзнае, можеби тој не е ни свесен за грешката што ја направил или пак, можеби станува збор за нешто сосема трето. Како би биле сигурни ако не го прашате?

7. Вложувајте многу труд во вашата врска

Вие конечно сте дел од вистинска љубовна врска и мислите дека сте сигурни? Тука грешите многу. Љубовта треба постојано да биде негувана, во спротивно ќе овене. И покрај тоа што можеби во моментов сте среќни и го гледате светот преку розови очила, доколку навреме не ги решавате несогласувањата, дури и оние малите и незначајни, нештата брзо можат да го променат правецот.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар