7 интересни знаци дека не сте доволно слободоумни

Обично сакаме да мислиме дека ги прифаќаме сите луѓе околу нас и дека сме отворени за нови искуства, но многу лесно може да се заглави во еден единствен начин на размислување. Колку пријатели имате? Дали сите тие се облекуваат слично, имаат исти навики и делат исти мислења? Постојат многу знаци што покажуваат дека време е да станете послободоумни. Животот е авантура! Не плашете се да бидете дел од неа! Можеби ќе се разочарате ако дознаете дека не сте толку слободоумни колку што сте мислеле, но кога ќе сфатите дека ненамерно ги отфрлате новите луѓе и ситуации, ќе почнете да преземате нешто за да ги прифатите разновидните искуства што ви ги нуди животот. Ова се 7-те интересни знаци дека не сте доволно слободоумни…

7 интересни знаци дека не сте доволно слободоумни

1. Не поставувате прашања

Треба да разговарате со луѓе кои се поразлични од вас, но слободоумните поединци сакаат да истражуваат за другите. Тие поставуваат прашања поврзани со туѓите перспективи и начини на размислување. Ако мислите дека само вие сте во право, а сите останати грешат, тогаш време е да престанете со тоа и да почнете да поставувате прашања.

2. Одбивате промени

Дали ви е непријатно да дозволите нов човек да влезе во вашето друштво? Дали ве ужасува помислата од вселувањето во нов стан? Тогаш, можеби се плашите од промени. Слободоумните луѓе со нетрпение ги очекуваат промените, бидејќи тие им даваат можност да научат нешто повеќе за себе и за другите. Луѓето кои не се слободоумни се плашат од промените, бидејќи последиците се неизвесни, а тоа што го имаат сега е секогаш подобро од непознатото. Без разлика колку се плашите од промени, прифатете ги и излезете од вашата удобна зона.

3. Сите ваши пријатели се исти

Природно е тоа што сакате да се дружите со луѓе со кои имате многу заеднички работи, кои изгледаат и звучат слично како вас. Но, ако вашите пријатели се исти како вас и се согласуваат со сето она што ќе го кажете, на тој начин го ограничувате вашиот поглед кон светот. Можеби сега ви е удобно во вашиот круг на пријатели, но ако се поврзете со луѓе од различни култури, ќе стекнете многу нови искуства и знаење.

4. Не сте љубопитни

Слободоумноста подразбира активно барање нови перспективи и нови хобија. Слободоумните луѓе се многу љубопитни. Тие сакаат да учат нови работи, без разлика дали станува збор за читање книги, разговарање со пријатели или запознавање нови луѓе со различно потекло. Одете на некое место каде што не сте биле никогаш претходно или пак прочитајте некоја книга што е надвор од вашите вообичаени интереси. На овој начин, ќе ја зголемите вашата љубопитност и ќе ги проширите вашите досегашни знаења.

7 интересни знаци дека не сте доволно слободоумни

5. Непријатно ви е кога некој се разликува од вас

Обрнете внимание не само на тоа како се однесувате кога ќе запознаете некој кој е поразличен од вас, туку и на тоа како се чувствувате однатре. Можеби сте пораснале верувајќи дека постои само еден правилен начин на живот и сѐ што не се согласува со тоа го сметате за ненормално и погрешно. Треба да ги прифаќате сите сексуални определби и етнички и верски припадности. Немојте да се лишувате себеси од нови возбудливи и интересни познанства. Вашата реакција можеби не е намерна и свесна, но најлесниот начин да го прифатите она што е поразлично од вас е да се опкружите себеси со нови луѓе.

6. Не ги прифаќате туѓите религии

Многу луѓе се критички настроени кон туѓите религиозни уверувања. Многу е важно да си го поставите следново прашање: Дали понекогаш правите некои претпоставки за луѓето откако ќе ја дознаете нивната религија? Дали овие претпоставки се јавуваат врз основа на еднострани и невистинити стереотипи? Доколку одговоривте потврдно, тоа е знак дека не сте слободоумни кога се работи за нечија религија. Иако религијата е многу чувствителна тема, сетете се дека сите луѓе се комплексни на свој начин и дека нивниот религиозен идентитет не ги дефинира како личности.

7. Го осудувате туѓиот начин на живот

Постои разлика помеѓу тоа да посакувате нешто различно за себе и тоа да ги сметате туѓите избори за погрешни, само затоа што не се согласувате со нив. Доколку многу често ги осудувате другите, тоа е знак на предупредување дека не сте доволно слободоумни. Никој не е совршен и сите понекогаш осудуваме некого, но ако многу строго ги осудувате туѓите животни избори, тоа значи дека не прифаќате нови мислења и опции. Секако дека не мора да се согласувате со нив. Слободоумноста подразбира способност да го согледате проблемот од сите можни агли и да ги разберете луѓето, без разлика дали се сложувате. Не мора да бидете секогаш во право.

Убаво е да ги преиспитате вашите навики за да видите дали сте доволно слободоумни. Иако понекогаш премногу се затвораме во нашите лични искуства, треба да поставувате прашања, да ја согледате страната на вашите соговорници и да ги прифатите разликите што постојат помеѓу луѓето. Ќе ви треба малку време за да станете слободоумни, но на тој начин ќе си го збогатите не само својот, туку и животот на луѓето околу вас.

Прочитајте ги и овие 9 знаци дека родителите ве воспитале да бидете слободоумни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар