7 хормонални фази низ кои минува секоја жена во текот на својот живот

Се сеќавате кога бевте тинејџери и идејата за ПМС ви беше главна тема на шега, иако сè што доживувавте за време на месечниот циклус беа повремени грчеви и желба за чипс? Потоа, кога стигнавте до 20-тите, ПМС-от стана вистинско чудовиште! Адаптирањето на оваа нова реалност е тешко, па сигурно сте почнале да се прашувате дали вашето тело сака да ве казни за нешто и сериозно сте размислувале дека би било подобро да сте се роделе како маж.

7 хормонални фази низ кои минува секоја жена во текот на својот живот

Ако се пронајдовте во овие описи, тогаш имаме лоши вести за вас: Ве очекуваат 6 вакви промени на хормоналните фази во вашиот живот и начинот на кој тие ќе ви влијаат ќе биде многу посилен одошто сте мислеле. Прочитајте во продолжение за што точно станува збор…

Фаза 1: Пубертет (13-21 година)

Пубертетот е време кога менструалниот циклус е нередовен, најмногу затоа што требаат години пред телото да ја насобере потребната концентрација хормони. Ова објаснува зошто толку многу девојки доживуваат малку или никакви симптоми за ПМС.

Фаза 2: Возрасни менструални години (21-35 години)

Ова е периодот кога нештата стануваат реални! Изложувањето на кофеин, алкохол, дрога… тие влијаат на вашите хормони на начини на кои не можете ни да замислите. Акните, главоболките, болките во телото и промените на расположението се во полн ек, а исто така може и да доживеете продолжување на оние симптоми што сте ги доживеале во пубертетот. Во секој случај, сега е одлично време да се фокусирате на зачувување на вашата плодност.

Од друга страна пак, постојат неколку начини на кои можете да ги намалите и елиминирате симптомите на ПМС, на пример, вежбање и ограничување на нездрава исхрана, како и на сите оние супстанци што имаат влијание на хормоните.

Фаза 3: Бременост

Не мора да ви кажеме дека бременоста е како хормонална луда железница, што вози низ пеколот и влијае на сите што се вклучени во авантурата. Имајќи го тоа на ум, степенот на потешкотии низ кои ќе поминете зависи од тоа колку добро ќе се справувате со подемите и падовите на хормоните низ вашите менструални години.

Фаза 4: Постнатален период

Откако ќе се породите, започнува постнаталниот период што трае околу 6 недели. Во овој период естрогенот и прогестеронот значително опаѓаат, бидејќи телото и матката се враќаат во својата оригинална состојба.

Факт: Околу 11-20 проценти од новите мајки доживуваат постнатална депресија во овој период, а на поголем ризик се изложени жените што имаат историја со клиничка депресија. Бидејќи нездравата диета исто така може да има влијание на нашето расположение, правилната исхрана е нешто што ви е од исклучителна важност во моментов – како за вашето здравје и здравјето на бебето, така и за психичката добросостојба.

Фаза 5 – Перименопауза прв дел (35-45 години)

Без разлика на сè, оваа фаза започнува на 35 години, но добрата вест е што многумина од вас нема да почувствуваат никакви симптоми, особено ако сте здрави. Во овој момент, вашето тело ќе си биде со нормален циклус, кожата ќе ви биде здрава и би требало да имате и одлично тонирани мускули. Ако водите нездрав живот, ова нема да се случи.

Вашето тело ви дава знаци (преку хормоналните промени) за оние области од здравјето што сте ги запоставувале. Затоа бидете сигурни дека обрнувате внимание. Овие промени можат да предизвикаат вагинална сувост, брчки и сува коса. Исто така многу е потешко да останете бремени како што стареете, за што се доказ пократките менструални циклуси.

Фаза 6: Перименопауза втор дел (45-55 години)

Вториот дел од оваа фаза се обележува со два или повеќе прескокнати месечни циклуси. Одма штом помислите дека веќе никогаш нема да добиете, менструацијата ќе се појави. Еднаш тоа може да биде кратко, друг пат подолго. Ќе почнете да доживувате напади на топлина, што можат да се манифестираат преку потење, лепливи прсти и општо зголемена телесна температура. Ќе има моменти и на зголемено ниво на естроген, што значи и зголемено ниво на енергија.

Симптомите на ПМС и грчевите ќе се намалат по последниот месечен циклус, но во текот на следната година можат да се јавуваат без очигледна причина. Чувствителноста на градите, лачењето течности и промените на расположението се симптоми на ова намалување.

Фаза 7: Постменопауза (55+ години)

Размислувајте на оваа фаза како авион што се подготвува за слетување. Не мислиме на тоа дека сте поблизу до смртта, туку дека намалувањето на сите оние здодевни симптоми низ кои вашите хормони секој месец ве носеле конечно ќе дојде до својот крај.

Постменопаузата е време кога треба да се фокусирате на исхраната со висока хранлива вредност, бидејќи во овој период вашето тело е изложено на поголем ризик од болести како остеопороза и различни срцеви проблеми, токму поради ниското ниво на естроген.

Изгледа дека единствената константа низ сите овие фази, што може да ви помогне во секој поглед, е токму здравата диета и грижата за себе, па време е да почнете поздрав живот за да ги намалите симптомите, а и да си го олесните преминот од една кон друга фаза.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар